за ,

XC40 против Q3 и X1 на споредбен тест на Ауто Билд

Германскиот магазин Ауто Билд веќе го пушти првиот компактен СУВ на Volvo на споредбен тест против докажаните големини во сегментот, Audi Q3 и BMW X1. Дали Volvo XC40 ќе ги прераспредели местата на моделите што се изборија за врвот во сегментот?

Споредбениот тест на Ауто Билд го пренесуваме во интегралната форма

Не сме многу сигурни каде би ги сместиле типовите како новиот Volvo XC40. Од една страна, компактниот СУВ има нешто посебно. Тој е шик и бомбастично е престижен како неговите големи теренски браќа, а со 190 КС од дволитарскиот турбодизел е моторизиран повеќе од доволно. Од друга страна, Volvo мора да биде подготвен и за секојдевната работа: Комфор, потрошувачка, простор за луѓе и багаж. Каде XC ги покажува своите предности? Тоа најдобро ќе го дознаеме во директна споредба со модели со сличен концепт. Во Audi Q3 и BMW X1 ги гледаме идеалните противници

XC40: Добриот изглед не е доволен во овој споредбен тест

Audi се пробива низ снегот со 184 КС, quattro – распределбата на моќта до сите четири тркала го држи возилото под контрола, а препознатливиот квалитет на завршна изработка на Audi без потешкотии го облагородува во премиум СУВ. Слично е кај BMW X1. Единствено димензиите се компактни. Остатокот се движи во правец на вишата класа. Четирицилиндарецот испорачува 190 КС и 400 њутнметри, а осум степени ја распределуваат моќта преку целосно електронскиот погон на сите тркала xDrive.

Volvo XC40 (Фото: Фабрика)
Volvo XC40 Inscription

Иако основните податоци навестуваат слични квалитети во возењето кај сите три модели, новакот прво мора да застане назад. На Volvo му недостига решителност при спринтот. Полесниот Audi остава потемпераментен впечаток во првата споредба, додека моќниот дизел на BMW влече беспоштедно. Во исто време, автоматикот на X1 ги сортира степените особено будно и вредно. Четирицилиндарецот во Volvo звучи механички, а поради тоа и понападно од агрегатот во X1. Но, и машината на BMW има недостаток: 20d работи остро, особено при пониски вртежи, а почувствителните возачи ќе осетат и вибрации на воланот.

Со лесна нога: Кој сака поспосртско возење, со Q3 e послужен најдобро. На Audi му лежат свијоците

TDI на Audi работи посмирено, но постојано се слуша. Тој брмчи по старински. Затоа пак, Q3 остава подинамичен впечаток во возење. Нагло избегнување пречки? Уживање во свијоци? Брзи промени на правец? Тој ужива! И ги владее. За разлика од Volvo. Тој ги прикажува своите спортски квалитети само преку директниот пренос во управувањето. Тешкиот XC уште рано почнува со предните тркала да влече надвор од свијок, по што ЕЅР грубо ги вклучува сопирачките. При избегнување пречка, Volvo се тетерави и тешко го задржува правецот. Добро е тоа што никогаш не станува опасно, единствено недостига уживање.

Audi Q3 (Фото: Фабрика)

audi q3 _st

BMW лежи подобро, но неговото нечувствително управување го уништува уживањето во прецизните маневри. Во исто време трпи и држењето правец, поради управувањето во коешто нема премногу повратна информација од подлогата. За изедначување, Volvo и BMW запираат сигурно, со вредности од околу 36 метри, коишто заслужуваат пофалби во оваа лига. За разлика од нив, Audi се препоти при нашите тестирања со врели сопирачки. Со тоа, Q3 не сопира најсигурно.

Што се однесува до практичноста во секојдневието, Audi повторно покажува мали слабости. Јасно е дека тој е најстариот и најмал во ова трио. Наследникот има премиера во јуни. Поради тоа, недостига простор (првенствено назад и во багажникот), како и опрема. Q3 нема со што да приговори против опременоста со најмодерни безбедносни и мултимедиски системи на двата конкуренти.

Тесно: Поради широките прагови и дебелиот средишен столб, влегувањето и излегувањето кај X1 не е најлесно

Volvo, на пример, излегува од фабрика дури и со воздушна перница за колената и со безбедносен систем што на некој начин предвидува, а дополнително располага и со активен систем за следење лента. BMW бесплатно монтира автоматика за светлата и барем со доплата нуди систем за возење во застој за X1. Но, штета е што BMW не ја искористува предноста на СУВ-моделите во поглед на лесното влегување и излегување. Прговите се широки, страниците на предните седишта штрчат, а средишниот столб е предебел – сето тоа повеќе личи на гимнастичка вежба, отколку на глатко седнување во автомобилот.

BMW X1 (Фото: Фабрика)

bmw x1 _ st

Глатко, што беше тоа? Се надеваме дека Ви преостанале најмалку 46.230 евра. Толку чини Audi Q3 во опремата како на тестот. Тоа е дури и поволно. За 20d, кој меѓу другото опремен и со тркала од 18 инчи и адаптивна амортизација, BMW бара 48.540 евра. Кај Volvo се потребни дури 49.490 евра за XC40 D4 Momentum со пакет R-Design.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Измерени вредности на споредбениот тест на Ауто Билд

Мерни вредности

Audi BMW Volvo
Забрзување
0–50 km/h 2,2 s 2,3 s 2,7 s
0–100 km/h 7,8 s 7,4 s 8,4 s
0–130 km/h 14,1 s 12,7 s 14,2 s
0–160 km/h 25,6 s 20,7 s 23,9 s

Меѓузабрзување

60–100 km/h 4,7 s 4,3 s 4,8 s
80–120 km/h 6,4 s 5,7 s 6,2 s
Празно возило / Носивост 1682/543 kg 1690/515 kg 1775/475 kg
Распределба на тежина нап./наз. 58/42 % 56/44 % 59/41 %
Круг на вртење л/д 11,9/12,1 m 11,3/11,5 m 11,7/11,7 m
Пат на сопирање
од 100 km/h, студени 36,7 m 35,8 m 36,0 m
од 100 km/h, загреани 37,0 m 35,9 m 35,2 m

Бучава во кабина

при 50 km/h 60 dB(A) 59 dB(A) 59 dB(A)
при 100 km/h 64 dB(A) 64 dB(A) 66 dB(A)
при 130/160 km/h 69/73 dB(A) 69/73 dB(A) 70/73 dB(A)
Потрошувачка на тест – CO2 7,5 l D – 198 g/km 6,9 l D – 183 g/km 7,9 l D – 209 g/km
Досег 850 km 880 km 680 km

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Заклучок на авторот Јан Хорн

Престиж, темпо, модерна техника – од сé има во изобилство, и тоа во секој од трите СУВ-модели. Но, најмногу има во BMW. X1 може да патува и да се трка, носи багаж, а не е ниту поскап. На новиот Volvo првенствено му недостига темперамент.

 

Giulia, Insignia и Arteon на споредбен тест на Ауто Билд

Ова се шампионите на супертестот на 100.000 km на Auto Bild

BMW M5 против Mercedes-AMG E 63 S на споредбен тест на Auto Bild

Auto Bild ги открива најголемите пијаници меѓу автомобилите

Auto Bild: Какви се M3, C 63 AMG и IS F како користени автомобили?

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

калифорнија норми потрошувачка гориво

Калифорнија не ги сака „валканите“ автомобили на Трамп

Теренецот на Ferrari постои и се вика Maserati Levante Trofeo