Производи

X-Matik го претвора секој автомобил во роботски автомобил

На пазарот веќе се појавуваат и автопилоти за дополнително вградување

Канадската стартап компанија X-Matik разви автопилот кој може да се вгради дополнително во речиси секој автомобил. Уредот самостојно ги контролира забрзувањето, сопирањето и управувањето со возилото.

Две камери и интелигентен софтвер се доволни за повеќето актуелни автомобили да се претворат во роботски автомобили со уредот на канадската фирма X-Matik. За разлика од системите на големите производители на автомобили, X-Matik користи камери место радар. Бидејќи е наменет за универзално вградување, уредот треба да се приспособи според моделот на возилото. Вградувањето е преку лепење на ветробранот, под ретровизорот.

Со помош на податоците од камерите, автомобилот може самостојно да управува, забрзува и сопира. Возачот мора во секој момент да биде подготвен да интервенира. Според производителот, во тестирање на уредот досега се извозени повеќе од 50 илјади километри. Работата на техниката уште се развива и во следниот период ќе се работи на надминување на проблемите при минување преку крстосница и возење по необележан пат.

Роботски автомобили за посетителите на ЦЕС во Лас Вегас

Samsung очекува 20 милијарди долари профит од роботските автомобили

Volvo тестира „самовозечки“ камион за собирање отпад

Продажбата се очекува да стартува во почетокот на 2019 година. Дотогаш техниката ќе умее и самостојно да го претстрои возилото во соседната лента. X-Matik планира да го продава автопилотот и на европскиот пазар. Сличен систем имаше развиено и американската фирма Comma, но уредот не доби зелено светло за продажба, поради пропустите што ги откри агенцијата за безбедност на патиштата NHTSA.

Кој ќе го финансира проектот со 1.000 долари, заштедува 500 долари кога X-Matik ќе биде готов за испорака

Цената на комплетот којшто се состои од две камери, дисплеј на допир, процесор, контролна единица и сервомотори за управувачот и педалите за сопирање и гас ќе изнесува меѓу 1.700 и 2.500 евра. Од тоа што може да се забележи од сликите, многу компоненти треба да се вградат посебно, а прашање е и намаленото видно поле за возачот, поради робусниот камерен модул. Предноста е во тоа што се „надмудруваат“ прописите, иако при незгода поради вклучен автопилот, производителот сигурно нема да понесе одговорност.

Проектот се одвива преку јавно финансирање. Купувачите што ќе вложат 1.000 долари во автопилотот на X-Matik ќе добијат можност да го тестираат уредот во развојната фаза. Откако ќе стартува продажбата, тие ќе го добијат уредот со доплата од 500 долари.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729