162
21 shares, 162 points

Најубавата тркачка серија во мотоспорт ангажираше врвни експерти кои возачките во W Series ќе ги воведува во посебната исхрана, во физичката подготвеност, во психометријата и во вештината на однесување пред медиумите.

По успешната прва сезона, W Series или возачката серија со тркачки едноседи во којашто учествуваат само жени, активно се подготвува на новата тркачка сезона. Брзите дами зад воланот неделава ќе учествуваат во напорна работилница во Лондон – ѕвезди и експерти од светот на атлетиката, тимските спортови, снукерот и телевизијата ќе им ги пренесат на возачките своите вредни искуства и познавања.

Олимписката шампионка и атлетичарка со три светски злата Џесика Енис Хил, заедно со Ама Агбези, поранешна одбојкарска капетанка на Англија и легендата од светот на снукерот Џими Вајт, ќе соработуваат со тимови од спортски тренери, со цел возачките во W Series да постигнат најдобра форма пред првата трка. Сезоната 2020 за дамите со силни мотори започнува во Санкт Петерсбург, во мај, на патеката Игора Драјв.

Од посебна исхрана и физички тренинг, до вештина при давање интервју, секако дека тоа подеднакво е дел од мотоспортот

Кетрин Бонд Муир, директорка на W Series: „Посветени сме во развојот на најдобрите возачки во светот, а тоа подразбира вложување во вештини и тренинг, како и пристап до нашите докажани тркачки серии во светски рамки. Веруваме дека на овој начин ќе помогнеме нашите возачки да го ослободат својот целосен потенцијал и да се подготват за натпреварување во елитата на мотоспортот, можеби дури и во формула 1, со текот на времето.“

Клучните точки на обуката се посветени на прехраната, фитнесот, мотивацијата и процена на психометрија, со детални тренинзи за возачка техника на симулатори, а потоа и на тркачка патека.

Сезоната 2020 на W Series ќе се состои од осум трки. Стартот е на 30-ти мај на новата тркачка патека Игора Драјв во близина на Санкт Петерсбург. Последните две трки во сезоната ќе се возат во рамките на викендите во формула 1, на 24-ти октомври во Остин, Тексас, а потоа и во Мексико Сити, на 31-ви октомври.

View this post on Instagram

Vicky o Vittoria? @pumamotorsport

A post shared by Vittoria “Vicky” Piria (@vickypiria) on

View this post on Instagram

Who’s looking forward to this?

A post shared by Vittoria “Vicky” Piria (@vickypiria) on

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

162
21 shares, 162 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *