Нови модели

Електричниот пикап пристигна, но не e од Tesla

Веќе се добиени неколку илјади нарачки за Workhorse W-15, испораката ќе стартува кон крајот на годинава

Светот го виде за првпат лани во мај, а електричниот пикап од американскиот производител Workhorse сега може и да се нарача. Пикапот со моделска ознака W-15 користи комбинација од електромотор и обичен мотор кој работи како генератор откако ќе се испразни батеријата. Резервацијата за камионетот чини 1.000 долари, испораката стартува кон крајот на годинава.

Цената на пикапот со двојна кабина изнесува 52.000 евра, не вклучувајќи ги субвенциите во повеќето сојузни држави во САД. Според производителот, пристигнати се неколку илјади нарачки за W-15. Очекувано, најмногу интерес постои кај компаниите со големи возни паркови.

Електромоторот располага со 462 КС и го катапултира камионетот за 5,5 секунди до темпо сто. Литиум-јонската батерија од Panasonic испорачува енергија за најмногу 130 километри. Во хибридниот режим во игра се вклучува моторот, кој функционира како генератор и со горивото во резервоарот овозможува пикапот да извози до 500 километри.

Како што кажува и името, „работниот коњ“ е замислен првенствено за комерцијална примена. Корисна функција при работа на отворено е можноста батеријата на Workhorse да служи за напојување на електричните уреди.

Дали знаете дека постојат BMW M3 пикап, комби и компакт?

Dacia Duster Pickup по специјална нарачка

Седумдесет години од првиот пикап на Mitsubishi

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729