за

Willys AW 380 Berlinetta: Додека се појави новиот Renault Alpine

Тие што немаат трпение да го дочекаат новиот Renault Alpine, можат да ги потрошат парите на еден друг автомобил којшто е сосема вреден како наследник на легендарниот Alpine A110.

Италијанскиот производител Maggiora заедно со Carozzeria Viotti ја заживеаја старата марка Willys. Оваа марка се поврзува првенствено со Jeep, но таа го има лиценцно произведувано и Alpine А108, во Бразил, кадешто автомобилот се продаваше како Willys Interlagos. Оттаму не е случајност тоа што AW 380 Berlinetta наликува на Alpine A110, наследникот на A108, особено во носот.

АW 380 ќе се произведе во ограничена серија од 110 примероци по цена од 380.000 евра. Шестцилиндарскиот боксер со битурбо натполнење и зафатнина од 3,8 литри потекнува од Porsche и ослободува 610 КС и 830 Nm. Крајната брзина изнесува 340 km/h, а забрзувањето до сто трае само 2,7 секунди. Менувачот е мануелен со шест степени, а зад тркалата гризат керамички сопирачки дискови.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel ја затвори фабриката во Бохум: Што е следно?

Peugeot 301 ќе се произведува во Казахстан