147
19 shares, 147 points

Финалето на првата сезона на тркачката серија со Формула 3, во којашто учествуваат единствено дами, викендов ќе се вози на познатата патека Брендс Хеч во Велика Британија. Победничката добива половина милион долари, а публиката убави сцени.

Тркачката серија со едноседи исклучиво за брзи дами дојде до финалето, коешто ќе се вози викендов на патеката Брендс Хеч во Велика Британија. Дваесетте дами возат за слава, уживање и награден фонд од 1,5 милион долари, од кои половина милион ќе ѝ припаднат на победничката во првата сезона на W Series.

Силна поддршка за дамското првенство доаѓа од поранешниот Ф1-возач Дејвид Култхард и од шампионскиот инженер Адријан Њуи. Сите шест трки се возат на европска почва, а болидите се унифицирани, односно станува збор за Tatuus T-318, практично болид во формула 3. Моторот е Alfa Romeo од 1,8 литар со турбонатполнење и 270 КС. Болидите тежат 565 килограми.

Петте домашни убавици во шамионатот направија и фото-сесија пред една од најпознатите лондонски знаменитости, Тауер Бриџ. Идејата на серијата е дамите што гледаат предизвик во мотоспортот да се охрабрат за учество, но не само на тркачките патеки, туку и како техничарки или механичарки. Крајната замисла е преку W Series да се промовира возачката што ќе стане првата шампионка во формула 1.

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

147
19 shares, 147 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *