153
20 shares, 153 points

Камерите за надзор снимиле човек што го искалува сиот бес врз пумпа за точење гориво, во обид да го наполни резервоарот. Канадската полиција започна потрага по овој „херој“ од бензинските станици.

Една снимка од надзорните камери на станица за гориво во Канада мошне верно покажува какви сé карактери седнуваат зад волан. На снимката се гледа како возачот не успева да наполни гориво во резервоарот на својот автомобил и потоа искалува најбрутален бес врз пумпата. На моменти, тој се обидува и буквално да ја згази недолжната пумпа. Случајот е регистриран на станица во градот Брендон, во канадската провинција Манитоба. Полицијата моментно го бара овој престапник.

Причината за оваа непримерна глетка е начинот на кој функционира пумпата за точење гориво. Возачот на калливиот Chevrolet не може да наполни гориво, затоа што претходно треба да плати во станицата, па пумпата да се ослободи за користење. Во овие времиња е потребно малку за човек да избувне. Доколку останеше поприсебен, човеков чијашто нервоза некој може да ја види како смешна, веројатно ќе се сетеше прво да влезе во станицата и да плати.

По сите можни форми на примена на физичка сила врз пумпата, а потоа и куса размена на ставови со недолжните корисници на станицата, возачот заминува. Полицијата сепак нема да го остави случајов да заврши само на снимка од надзорните камери. Регистерските ознаки се целосно покриени со кал, така што на полицијата ѝ останува да добие информации за неговиот идентитет преку своите профили на социјалните мрежи. Човекот се товари заради намерно оштетување на туѓ имот.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

153
20 shares, 153 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *