за

Видео: Како да предизвикаш катастрофа на пат во Кина – и да се надеваш на „добро“

автопат во Кина

На секој возач му се има случено да пропушти излез од автопат, па мора да ја продолжи рутата до следната клучка. Одлуката се донесува во секунда. Тука се покажуваат добрите и искусни возачи. Но, на некои луѓе воопшто не треба да им се даде волан в рака.

Возачот на оваа снимка од камерите на автопат во Кина нагло запира во средната лента, со намера да причека додека му се ослободи патот до излезот. Тежок камион со полуприколка неуспешно го заобиколува автомобилот, по него наидува уште еден тежок камион, чијшто возач одвај успева да запре на само неколку метри.

Последиците ќе беа многу потешки доколку сообраќајот беше поинтензивен во моментот на незгодата

Полицијата во источнокинеската провинција Жеџијанг ги прегледа шокантните сцени и го откри сопственикот на белиот автомобил. Тој сепак нема да мине неказнето, како што веројатно се надевал, помислувајќи дека не е одговорен за сообраќајната незгода. Ако возилото е неоштетено, тоа не значи и дека не учествувало во незгодата.

Ситуации слични на оваа се случуваат насекаде низ светот, но барем не остануваат мистерии околу нивното настанување – како што овој возач веројатно се надевал.

Како реагираат германските возачи при звук на сирена по автопат?

Volvo „краде“ струја од автопатот и ги искористува останатите возила како батерии

Овој човек блокираше цел автопат за да ја запроси својата девојка

Швајцарија воведува минимална брзина за престигнување на автопат

Кинески возач нападнат од џиновска пила среде автопат

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi pred 60 godini pod Daimler

Audi што требаше да биде Mercedes

топ 10 погодоци и утки

Топ 10 погодоци и утки на неделата: Pininfarina е марка и Гугл Транслејт најчитан автор