за

Voxan го има најбрзиот електричен мотоцикл во светот

Voxan го има најбрзиот електричен мотоцикл во светот
Voxan го има најбрзиот електричен мотоцикл во светот

Околу француската марка мотоцикли Voxan владееше затишје по нејзиното преземање од Venturi во 2010 година. Сега оттаму пристига една пријатна вест, легендата Макс Бјаџи ќе вози специјална изведба на електричниот Wattman за светски рекорд.

Многумина се израдуваа кога марката Voxan го претстави електричниот мотоцикл Wattman, претпоставувајќи дека со тоа беше означено нејзиното враќање на сцената како сериски производител. Но, вистината е дека Wattman остана уникат и дека производителот има мошне амбициозна цел со него: Да постави рекорд за најбрз електричен мотоцикл во светот.

За да ја исполни оваа цел, групацијата Venturi изработи посебна верзија од Wattman, со продолжено меѓуискино растојание и со комплетен аеродинамичен оклоп. Погонот доаѓа од електромотор со 367 КС, кој ја црпи енергијата од литиум-јон батерија од 15,9 kWh. Само батеријата тежи 140 килограми, што е речиси половина од вкупната тежина на мотоциклот од 300 килограми.

Специјален систем за ладење со сув мраз, во корист на аеродинамичноста на Wattman

Многу е вложено во аеродинамичноста. Инженерите применија необичен систем за ладење со сув мраз. Намерно е избегната конструкција со класичен ладилник во предниот дел, којашто би влијаела негативно врз аеродинамичноста на мотоциклот. Течноста за ладење се пропушта низ садот што е поставен под седиштето и полн е со сув мраз.

На Wattman нема да му биде потребна долга патека при поставувањето на рекордот. Макс Бјаџи ќе го вози Voxan во 2021 година, по исушеното корито на Салар де Ујуни во Боливија. Моментниот рекорд за електрични мотоцикли изнесува 329 km/h. Рекордот го постави Јапонецот Риуџи Тсурута во минатата есен, со Mobitec EV-02A. Во Venturi се убедени дека ќе постигнат најмалку 330 km/h, но вистинската вредност би можело да биде многу повисока. Гумите од Michelin издржуваат најмалку до 350 километри на час.

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Започна изградбата на фабриката на Great Wall и BMW во Кина

Започна изградбата на фабриката на Great Wall и BMW во Кина

Maserati Nettuno

Maserati MC20 со првиот сопствен мотор на марката по 20 години