за

Производителите штедат на салонот во Франкфурт и тоа е добро за имиџ

Производителите штедат на салонот во Франкфурт и тоа е добро за имиџ
Производителите штедат на салонот во Франкфурт и тоа е добро за имиџ

Салонот ИАА во Франкфурт (до 22-ри септември) некогаш беше најголем собир во автомобилската бранша во светски рамки. По повеќе од 120 години, опстојувањето на масовните настани од овој тип се доведува под знак прашање. Производителите повеќе сакаат да ги вложат парите во друг вид на реклама.

Големи имиња на автомобилската сцена годинава отсуствуваат од салонот на автомобили во Франкфурт, познатиот ИАА (IAA = Internationale Automobilausstellung, меѓународна автомобилска изложба). Околу една дузина марки паузираат, меѓу нив Kia, Mazda, Peugeot, Toyota или Volvo. Од азиските марки се присутни само Hyundai и Honda, како и неколку кинески производители. Renault прво откажа, но потоа реши да го донесе својот нов Captur барем за двата денови за медиумите.

Трендот почна уште пред две години, на ИАА 2017, и потоа продолжи во Детроит, Лос Анџелес, па дури и во Женева. Но, дали тоа значи дека автомобилската сцена е во криза? Далеку од тоа. Љубителите на автомобилизмот имаат информации за новитетите на салоните уште долго пред истите да бидат прикажани првпат во живо.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Дали можеби им недостигаат средства на големите автомобилски концерни? Исто така, далеку од тоа. Јавна тајна е дека настапите на салоните чинат неколку милиони евра. Овој трошок повеќе не се исплатува, затоа што не може да се претвори во директни продажби. Поради тоа, повеќето производители вложуваат во социјалните мрежи.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во Франкфурт практично изложуваат само домашните концерни. Но, и тие штедат. BMW годинава не резевира посебна саемска хала, туку ја дели со Hyundai, Land Rover и Opel. Штандот на Mercedes исто така е многу скусен. Новитетите се прикажуваат само на два ката, место на три катови, како порано. Единствено Volkswagen настапува моќно и со подмарките Audi, Lamborghini, Seat и Skoda зафаќа цела хала.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Организаторот, Здружението на германските производители на автомобили, соодветно го приспособи концептот на салонот. Под мотото „Driving tomorrow“, освен автомобилски новитети, во Франкфурт масовно се застапени и темите дигитализација и вмрежување. Покрај тоа, многу посилен нагласок се става на пробните возења, како по патиштата во близина, така и на посебно подготвена патека за теренско возење.

Голем е бројот на нови фирми, особено стартапи што нудат нови услуги за мобилност. На површина од 168.000 метри квадратни изложуваат 800 претпријатија од 30 држави. Само од Кина пристигаат 80 фирми, што е повеќе од кога било досега.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Од најважните светски премиери, тоа се пред сé Volkswagen ID3, Opel Corsa и Porsche Taycan, но и Land Rover Defender. Салонска премиера има серијата 1 на BMW, кај Ford се нови Puma и Kuga.

Салонот во Франкфурт досега беше откажан само еднаш, во 1971 година. Причина беше нафтената криза, односно лошата економска ситуација што произлегуваше од истата. Шансите се исклучително мали, во блиска иднина пак да има откажување. Производителите сепак ќе смислат начин да го вратат некогашниот сјајот на големите автомобилски салони.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen id3 polnac

Колку чини полнач за електричниот VW ID.3?

Test Ford Ecosport 15 Ecoblue

Тест: Ford EcoSport 1.5 EcoBlue Titanium AWD