за

Освежување за Volvo XC90 и подостапна хибридна изведба

Volvo XC90 FL

Швеѓаните го користат моделското освежување на знаменосецот XC90 за претставување на новата погонска изведба под ознаката „B“. Станува збор за едноставен, но делотворен хибриден погон, таканаречен благ хибрид, кој постигнува голема заштеда при градско возење

Volvo воведува нова ознака којашто се однесува на погонот. Покрај T за бензинците, D за дизелите и додатокот Twin Engine за изведбите со плагин хибриден погон, на шведските автомобили во иднина ќе се појавува и буквата B. Новата погонска варијанта е благ хибрид, кој во основа се состои од стартер-генератор, мала батерија и систем за повраток на енергијата при сопирање.

New item by Automedia MK / Google Photos

Кусо за новите погонски изведби „B: Енергијата при сопирањето се користи за полнење на релативно малата 48-волтна батерија, којашто испорачува електрична енергија за стартер-генераторот при поаѓање на возилото или при умерено забрзување. Тој „електро-буст“ трае релативно кусо, но сосем доволно да се постигне заштеда, којашто според производителот изнесува околу 15 проценти. Профитира и комфорот при стартувањето на моторот, затоа што стартер-генераторот работи речиси неосетно.

New item by Automedia MK / Google Photos

Тоа е уште еден чекор на Volvo во најавата дека ќе понуди изведби со електрифицирана погонска спрега во сите моделски серии. Кај СУВ-знаменосецот XC90, отсега на располагање ќе стојат три верзии во коишто се „вмешува“ струја. Покрај постоечкиот T8 Twin Engine, во иднина ќе се нуди B6 во комбинација со бензински мотор, како и B5 во варијанта со дизел или бензинец.

Швеѓаните повторно поставуваат нов тренд, со можноста за избор на волна во ентериерот на Volvo XC90, место класична кожа

Мали се промените во изгледот на крстосувачот на висока нога, односно тие се однесуваат главно на нов дизајн на бандажи и нови бои за каросеријата, но и нова маска. Новитетите во кабината се сведуваат на можноста за избор на неколку различни распореди на седиштата. Покрај досегашните конфигурации, почнувајќи од Volvo XC90 Excellence со четири патници и двете стандардни изведби со шет и седум седишта, новитет е ентериер со шест седишта.

New item by Automedia MK / Google Photos

Системите за самостојно запирање при опасност од судир и за предупредување при возило во мртвите агли отсега активно зафаќаат во управувањето. Од XC60 пристига систем што реагира кога налетува возило од спротивната насока, а системот за предупредување при приоѓање во кртосница отсега може и самостојно да го запре возилото.

Производството на освеженото моделско годиште ќе стартува во Торсланда во мај. Од пазарниот старт на Volvo XC90 во 2015 година, досега се продадоа повеќе од 320.000 примероци низ светот.

Тест: Volvo XC40 D4 Momentum

Нордиска комбинација: Volvo V60 Cross Country

Geely со техника на Volvo до сопствена верзија на BMW X4

Volvo со рекордна година и првпат над 600.000 возила

Volvo стартува со акциска понуда за своите теренски модели

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot 208 nov

Peugeot 208 оди на комфор, појава и на струја

BMW m performance motor natpis

BMW казнет поради погрешно вчитан софтвер