за

Volvo XC90: Хибриден погон место осумцилиндарец

Volvo XC90 T8 со полни батерии минува 40 километри, потоа се активира бензинецот

Volvo покрива широк дијапазон на моќност со само еден мотор. Истиот работи и во топ-моделот, но со помош од електромотор. Перформансите се како кај осумцилиндарец, потрошувачката е многу пониска.

Ако ознаката на топ-моделот во гамата на големиот теренец на Volvo се чита правилно според автомобилските правописни норми, тогаш во Volvo XC90 T8 би требало да работи осумцилиндарски мотор. Но, големиот теренец на Швеѓаните во класата на Volkswagen Touareg вози со бензинец со само четири цилиндри. T8 сепак располата со 400 КС. Екстра моќноста доаѓа од електромоторот. На крај доаѓа и потрошувачката. Според фабричките норми, таа изнесува 2,5 литри на сто километри.

400 КС и просечна потрошувачка од 2,5 литри

Претходната генерација на најголемиот модел на Volvo, покрај мотори со пет и шест цилиндри поседуваше и V8. Во новиот XC90, пак, заради штедливост се вградуваат исклучиво дволитарски мотори со четири цилиндри. Швеѓаните сега ја претставија најсилната верзија на XC90, којашто е воедно и хибриден модел. Системската моќност од 400 КС ја произведува бензинец со турбонатполнење и 320 КС, заедно со електромотор со 80 КС. Во споредба со претходниот T8 со бензински V8, новакот има дури 85 КС повеќе. Перформансите се неспоредливо подобри: Спринтот до сто трае само 5,9 секунди, крајната брзина изнесува 230 km/h.

Според Volvo, просечната потрошувачка изнесува 2,5 литри – во првите 100 километри и со полни батерии. Јасно е дека се работи за теоретска вредност што е недостижна во секојдневието, но потрошувачката во секој случај е пониска отколку со конвенционален погон. Со полни батерии, XC90 T8 може да мине до 40 километри. Додека има енергија во батериите, обете погонски единици се менуваат во работата и се надополнуваат, со цел потрошувачката да остане ниска.

Електромотор за задната оска, бензинец за предната

Ако возачот го притисне копчето во кокпитот, бензинецот постојано ја движи предната оска, а електромоторот задната оска, воспоставувајќи на тој начин постојан погон на сите тркала. Дополнително има уште два модуса: Првиот е Power, кога обата мотора даваат сé од себе и целосно ја напуштаат идејата за штедење гориво, а вториот модус е Save, при што енергијата во батериите се сочувува за подоцна да се вози само на струја.

За разлика од верзиите на XC90 со нормален погон, хибридниот теренец со можност за полнење на батериите со приклучување во струја секогаш се испорачува со седум седишта. Батериите се вградени во средишниот тунел и не одземаат простор во кабината. Разлики има само во големината на резервоарот: 50 место 71 литар.

Втор модел на Volvo со хибриден погон, по V60 со дизелскиот хибрид

XC90 T8, на кого Швеѓаните му го додаваат прекарот „Twin Engine“ е веќе втор плагин-хибрид во нивната понуда. Комбинацијата од четирицилиндарски дизел и електромотор претходно проработе во комбито од средната класа V60. Во големиот XC90 засега не се планира воведување на дизел-хибридот од комбито, но не е исклучено дека тоа ќе се случи подоцна. Продажбата на новиот Volvo XC90 стартува напролет, со бензински T6 со 320 КС и погон на сите тркала, како и со единствениот дизел D5, со 225 КС, исто така со погон на сите тркала.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Париската градоначалничка ќе ги забрани автомобилите во центарот

Skoda со преку еден милион испорачани автомобили во 2014