за

Volvo XC40 добива трицилиндарски бензинец

Volvo XC40 Inscription

Volvo ја проширува понудата од погонски единици за компактниот СУВ. Трицилиндарец од 1,5 литар е основен мотор во гамата на XC40, заедно со него пристигаат бензинец со 190 КС и дизел со 150 КС. Со тоа не е завршено комплетирањето на гамата.

Volvo ја претставува верзијата T3 како нов основен модел во гамата на XC40. Првпат во повеќе од 90-годишната историја на шведската марка, под хаубата работи мотор со три цилиндри. Моторот му припаѓа на семејството погонски единици Drive-E и располага со работна зафатнина од 1,5 литар. Пречникот и одот на клиповите на T3 се идентични како кај четирицилиндарците од семејството Drive-E, исто како и повеќето компоненти на моторот. Тоа заштедува пари во развојот, исто како и во производството, модуларниот принцип денес се користи кај повеќето производители на автомобили. Разликата е во тоа што кај T3 е „одземен“ еден цилиндар.

Со турбонатполнење и директно впрскување, 1,5-литарецот ослободува 156 КС при 5000 вртежи и постигнува максимален вртежен момент од 265 њутнметри во подрачјето меѓу 1850 и 1850 вртежи во минута. Спринтот до сто трае 7,8 секунди, крајната брзина изнесува 200 km/h. Менувачот е мануелен со шест степени, од следната година ќе се нуди и моделска верзија со осумстепен автоматски менувач. Погонот е на предната оска.

Се чека уште хибридната верзија, а по неа пристига и изведбата на Volvo XC40 со електричен погон

На двата мотора со коишто стартуваше продажбата на првиот компактен СУВ на Volvo, заедно со трицилиндарецот пристигаат и T4 со 190 КС и D3 со 150 КС. Швеѓаните најавуваат дека T3 ќе се користи и во идната верзија со хибриден погон. Гамата ќе се заокружи со воведувањето на верзијата со електричен погон.

Понудата се комплетира и со двете нови нивоа на опрема, покрај Monentum и R-Design. Купувачите сега имаат избор на основно ниво и на луксузно ниво Inscription. Цената на новиот основен модел XC40 T3 на шведскиот пазар изнесува 307.800 круни, односно околу 31.000 евра.

Volvo продал за една четвртина повеќе автомобили во јануари

Шведски фамилии ги тестираат роботските автомобили на Volvo

Volvo стартува со производство на XC40

Наскоро трицилиндарски мотори и во Volvo

Трицилиндарски мотори ги освојуваат сите класи

Мотори во порција од по половина литар

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

opel combo

Opel Combo како премаскирана верзија на Citroen Berlingo

seat tarraco

Големиот теренец на Seat се вика Tarraco