за

Volvo XC40 без резервоар и без пумпа за гориво

Volvo XC40 Recharge
Volvo XC40 Recharge

Volvo XC40 е првиот автомобил на шведската марка што вози само на струја. Моделската ознака Recharge не остава простор за сомнеж околу видот на погон. Марката ги исполнува ветувањата, шефовите уште пред половина деценија имаа јасна претстава колку брзо ќе напредува пазарот на електрични автомобили.

Швеѓаните произведуваат мебел, природата им е чиста и бујна, секако дека произведуваат и Volvo – и малкумина ги познаваат како мошне духовит народ. Во соопштението за печат објавено денес, тие пишуваат: „Идните купувачи на Volvo ќе треба да одговорат на основното прашање: Дали сакате нов Volvo со кабел или без?“

Денес Volvo официјално го претставува XC40 Recharge пред светот, првиот комплетно електричен автомобил на марката и прв модел во новата моделска линија што ќе го носи името Recharge во ознаката.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Како што беше најавено уште пред повеќе од две години и како што беше и предвидено при конструирањето на автомобилот, електричниот погон е вграден „природно“ во XC40. По компактниот СУВ ќе следат уште бројни модели на батерија. Заедно со новиот погонски концепт пристига и нова генерација инфо-забавен систем, базиран врз Google Android – практично, паметен телефон вграден во кокпитот.

Половина од продажбата на Volvo во 2025 година ќе отпаѓа на „автомобили на батерија“

Во следните пет години, Volvo ќе пушта на пазарот по еден чисто електричен автомобил секоја година. Така ќе се постигне целта половина од глобалната продажба во 2025 година да отпаѓа на возила на батерија. Recharge ќе биде новото име за сите модели на Volvo што се „полнат“, односно за сите електрични и плагин-хибридни модели.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Од почетокот на 2020 година, при отворање на веб-страницата на Volvo, посетителите прво ќе треба да одговорат дали сакаат Volvo Recharge или не. За дополнително да се поттикне возењето на струја, секој плагин-хибриден Volvo Recharge ќе добие бесплатно полнење струја во период од една година, со тоа што дилерот ќе го рефундира трошокот за струја.

Повеќепати досега го кажавме тоа: За Volvo Cars, иднината е електрична. Денес правиме голем и нов чекор во тој правец, со лансирањето на нашиот целосно електричен XC40 и на моделската линија Recharge

Хакан Самуелсон, шеф на Volvo

Погонот секако дека е на сите тркала, моќноста изнесува 408 КС, батеријата располага со капацитет за 400 километри пат според новата норма. Полнењето при користење брз полнач трае 40 минути до 80% наполнетост.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Инфо-забавниот систем базиран врз Android е целосно интегриран во Volvo On Call, дигиталната платформа за услуги на марката. Возачите на плагин-хибрид ќе можат преку Volvo On Call да дознаат на пример колкав пат минуваат во возење само на струја.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Заради покривање на растечкиот интерес за моделите Recharge, шведската марка тројно ќе го зголеми производствениот капацитет за возилата на струја. Од следната година ќе се понудат и претконфигурирани моделскио изведби на популарни модели од линијата Recharge, со идеја да се скуси рокот на испорака. Volvo очекува една петина од продажбата в водина да отпаѓа на плагин-хибриди.

Volvo е единствен производител што нуди плагин-хибрид во секоја своја моделска серија, од 40, преку 60, до 90.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Технички податоци · Volvo XC40 Recharge

Мотори P8 AWD Recharge

Тип: По еден електромотор на предна и задна оска

Моќност: 150 kW x 2 (408 КС) при 14.000/min

Вртежен момент: 330 х 2 (660) Nm до 4.350/min

Перформанси

0-100 km/h за 4,9 s

Крајна брзина 180 km/h

Батерија

Капацитет, номинален: 78 kWh

Полнење

AC (11 kW): 7,5 часови

DC (150 kW): 40 минути

Досег

400 километри (WLTP)

Багажник

Со 5 патници 413 литри (со преграда во под)

Со 2 патници 1.342 литри (со преграда во под)

Тежина

Празно возило: Од 2.150 килограми

Приколка со сопирачки: 1500 килограми

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

мерење на загаденост воздух

Германски еколози мереа загадување во Србија и Бугарија, во Македонија не се ниту обидоа

Nio es6 pocetok proizvodstvo

Кинескиот пазар за електрични автомобили се скуси за третина