за

Електричниот Volvo XC40 стартува со испорака наесен

Volvo XC40 Recharge P8 AWD
Volvo XC40 Recharge P8 AWD

Volvo започна со примање нарачки за својот прв СУВ со погон на струја. XC40 Recharge P8 во почетокот ќе биде достапен само на најголемите пазари за електричниот погон. Досегот е над 400 километри, батеријата се полни до 80% на брз полнач за 40 минути.

Шведската марка се подготвува за почетокот на испораката на својот прв целосно електричен автомобил, за компактниот СУВ-модел XC40 Recharge. Моделот е база за цело потсемејство на Volvo што се води под ознаката Recharge и ќе вклучува моделски изведби со електричен и плагин-хибриден погон.

Погонската спрега се состои од два електромотори, еден напред, еден назад. Батеријата располага со номинален капацитет од 78 kW, досегот според реалната норма WLTP изнесува над 400 километри. Заедничката моќност на електромоторите изнесува 408 КС, а максималниот момент е 660 њутнметри. Спринтот до темпо сто трае 4,9 секунди. Volvo XC40 дозволува и влечење приколка, со тежина до 1.500 килограми.

Шведскиот СУВ на струја може да користи полначи со наизменична струја до 11 kW и брзи полначи со еднонасочна струја до 150 kW. Во вториот случај, батеријата достигнува наполнетост од 80% за 40 минути. Volvo ќе испорачува и ѕиден полнач како опција.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Опременост одговара на нивото R-Design кај моделите со обичен погон, вклучувајќи спортски седишта, паркинг сензори, носачи за багаж и квалитетно озвучување. Растојанието од подлогата изнесува 17,5 сантиметри.

Најразлични поволности за електричните автомобили, од целосно ослободување од ДДВ, до попусти од 50% за паркирање

Цената за Volvo XC40 Recharge за норвешкиот пазар, како еден од најголемите пазари за моделот и воопшто за електричниот погон, изнесува 490.000 норвешки круни, односно околу 44.700 евра. Норвешка ги ослободува возилата на струја од 25% ДДВ и од увозна царина, понатаму не се плаќа годишна патарина и има низа други поволности, како 50% попуст за траект (важно во Скандинавија) или попуст за јавните паркиралишта.

Производството на Volvo XC40 Recharge Pure Electric P8 AWD – како што гласи целосната ознака на моделот – ќе се одвива во фабриката во Гент/Белгија, испораките ќе стартуваат во последниот квартал од годинава. До 2025 година, Volvo ќе лансира по еден целосно електричен модел секоја година.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Volvo во Британија воведува преземање возило за сервис од дома

volvo v90 t6 awd
 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

автомобилски град Volkswagen 20-годишнина

Автомобилскиот град на Volkswagen одбележува 20-годишнина

mercedes cl 55 amg f1 limited edition

Ексклузивецот на Mercedes со керамички сопирачки и цена од 300.000 марки