Независната организација Euro NCAP ги одликуваше Volvo XC40 и Ford Focus со максимални пет ѕвезди за сите подрачја на безбедноста
Volvo XC40 и Ford Focus покажаа врвни својства во поглед на заштитата на патниците и пешаците на тестирањето коешто го спроведе познатата организација за оценување на безбедноста на автомобилите Euro NCAP. Компактниот шведски СУВ веќе се продава на поголемите пазари во Европа, додека новата генерација на Ford Focus ќе се појави во салоните во септември.
Volvo XC40 освои 97% од максималните бодови за безбедноста на возрасни патници, односно 87% за заштитата на децата. Кај пешаците се постигнати 71%, а при оценувањето на системите за асистенција, коишто сега се стандарден дел од процедурата на тестирање, СУВ-моделот освои 75 проценти од максималните бодови.
Ford Focus исполнува 85% од максимумот во заштитата на возрасни патници, 87 проценти за заштитата на децата, 72% за пешаците и 75 проценти кај системите за асистенција.