за

Јапонија го избра Volvo XC40 за најдобар автомобил на годината

volvo xc40 avtomobil godina japonija

Втора година по ред Volvo ја освојува титулата на автомобил на годината во Јапонија. По XC60 лани, сега и компактниот XC40 ги остава домаќините без сопствен автомобил на годината

Првпат во историјата на изборот на автомобил на годината во Јапонија се случува иста марка да победува две години по ред. Volvo XC60 беше најдобар нов модел за ланската година, Volvo XC40 e најдобар новитет за 2018 година.

Во Центарот за меѓународна трговија во Токио, четириесет претставници од највлијателните изданија од подрачјето на автомобилизмот во земјата и 20 директори од производителите на автомобили го исчекуваа исходот од броењето на нивните гласови. Веднаш потоа следеше и свеченото доделување на наградите за најдобар автомобил на годината во Јапонија.

Гласањето се претвори во двобој на Volvo XC40 и Toyota Corolla Sport

Пребројувањето на гласовите се претвори во двобој меѓу Volvo XC40 и Toyota Corolla Sport. Шведскиот СУВ беше во водство во почетокот, за Corolla да го презеде лидерството околу средината на гласањето, но Volvo повторно се издвои во завршницата и победи со 49 гласови предност, со 363 наспроти 314 гласови. Volkswagen Polo е на третото место со 197 бодови, пред Toyota Crown со 170 бодови и Mitsubishi Eclipse Cross на петтото место, со 165 гласови.

volvo xc40 и Ford Focus

Преземајќи го трофејот пред 60-те членови на жирито за автомобил на годината и 200 колеги од браншата, Такајуки Кимура, директор на Volvo во Јапонија, цени дека „XC40 има совршена големина и конкурентна цена за јапонскиот пазар“ и се надева дека тоа ќе го претвори во добра продажба.

Во специјалните категории, за најдобра иновација е прогласена верзијата на Honda Clarity со плагин-хибриден погон, BMW X2 најмногу ги поттикнува емоциите, а Daihatsu Tocot е најдобар меѓу мини-автомобилите. Honda освои награда и во категоријата за посебни достигнувања, со N-Van.

Пет ѕвезди од Euro NCAP за безбедноста на Volvo XC40 и Ford Focus

Новиот Volvo XC40 им носи пораст во продажбата на Швеѓаните

Volvo XC40 е автомобил на годината

Volvo XC40 добива трицилиндарски бензинец

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

chery exeed LX auto china

Кинескиот Chery се враќа во Европа во 2020 година

bmw vision inext

BMW вложува 200 милиони евра во производството на електричниот i4