за

Volvo XC40 е автомобил на годината

автомобил на годината volvo xc40

Volvo XC40 е избран за автомобил на годината во Европа. Ова е првпат шведската марка да ја освои престижната титула. Името на победничкиот автомобил по традиција беше соопштено на самото отворање на салонот на автомобили во Женева.

Компактниот спортски теренец на Volvo е победник во изборот на автомобил на 2018 година во Европа. Жирито на овој ценет избор вообичаено го соопшти името на победничкиот автомобил пред отворањето на салонот во Женева.

Според Хакан Самјуелсон, шеф на Volvo, „освојувањето на наградата од новиот XC40 доаѓа во вистинското време. Volvo за првпат има три СУВ модели што се достапни на светскиот пазар. Шефот на шведската премиум марка очекува XC40 да даде силен поттик за натамошниот раст на Volvo и за освојувањето на брзорастечкиот сегмент на компактни СУВ-модели.

Сите три теренци на Volvo со титула на автомобил на годината

Со последниот триумф на XC40, сите три СУВ-модели на Volvo имаат освоено титула на автомобил на годината, во Европа или во Северна Америка. Во претходните две години, големиот XC90 и моделот од средната класа XC60 беа избрани за автомобил на годината од другата страна на океанот. Неодамна XC40 доби признание и од водечкиот автомобилски магазин во Велика Британија, What Car.

Од Европа и од САД досега се пристигнати над 20.000 нарачки за компактниот теренец на Volvo. Наскоро треба да започне неговата продажба и во Кина, на најголемиот автомобилски пазар во светот.

Volvo XC40 е прв модел што ја користи новата модуларна архитектура за компактни модели CMA на шведскиот производител. Платформата во иднина ќе ја користат повеќе моделски варијанти од серијата 40, вклучувајќи и модели со погон на струја. Партнерот Geely исто така планира сопствени модели што ќе се базираат врз платформата CMA.

Volvo XC40 добива трицилиндарски бензинец

Volvo стартува со производство на XC40

Шведски фамилии ги тестираат роботските автомобили на Volvo

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

јагуар и-паце

Овој Jaguar навистина вози на струја

светска продажба автомобили

Во светот лани се продадени над 86 милиони автомобили