Вести

Volvo стартува со производство на XC40

Во фабриката во Белгија денес е произведен првиот примерок од новиот компактен теренец на Volvo

Првиот примерок од сериско производство од новиот Volvo XC40 е произведен денес во фабриката во Гент, Белгија. Производителот досега има добиено над 13.000 нарачки за компактниот теренец.

За Volvo започува ново историско поглавје. XC40 е првиот теренец на шведската марка во компакт класата, изработен врз комплетно нова платформа, којашто ќе се користи за цело идно семејство модели. Во фабриката во Гент, Белгија, денес започна сериското производство на моделот.

Volvo досега има добиено над 13.000 нарачки за својот прв малечок теренец. Испораките ќе стартуваат веќе во почетокот на следната година. XC40 влегува во сегментот во којшто владее голема раздвиженост меѓу производителите. Сегментот на компактните теренци е еден од најбрзо растечките на пазарот, нови модели пристигаат како на модна писта.

XC40 ја комплетира понудата на теренци на Volvo, покрај XC60 и XC90

Новиот XC40 е првиот модел што ја користи модуларната платформа за малечки автомобили на Volvo, таканаречената CMA-платформа (Compact Modular Architecture). Таа ќе послужи како основа за идното семејство модели „40“. Развиена во соработка со кинескиот партнер Geely, компактната платформа овозможува висока рентабилост во производството и изведување голем број различни модели.

Фабриката во Гент прераснува во глобален извозен центар на Volvo за модели базирани на платформата CMA. Каросерискиот оддел е проширен за 8.000 метри квадратни, инсталирани се 363 нови роботи, вклучувајќи го и „ѕверот“. Така што вработените го нарекуваат роботот кој ја подига платформата на возилата до подвижната лента на висина блиску до таванот.

Возила во Белгија се произведуваат уште од 1965 година. Од Гент излегуваше и најпродаваниот теренски модел на шведската марка, првата генерација на XC60. Моментно се прозведуваат V40 и V40 Cross Country, како и S60 и V60.

Втората европска фабрика на Volvo е во Торсланда, Шведска, уште две фабрики работат во Кина, додека фабриката во Северна Каролина / САД, се очекува да стартува со работа во втората половина од 2018 година.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729