за

Volvo стартува со акциска понуда за своите теренски модели

volvo xc gama akcija premium ags

Трите моделски серии на теренски модели XC на Volvo стартуваат со акциски цени под новиот дилер на марката за Македонија. Дополнително се нуди и бесплатен преглед на возилото за сопствениците на модел на Volvo

Веднаш по објавувањето на новото дилерство за марката Volvo за македонскиот пазар, компанијата Премиум АГС излегува со поволности за новите и за постоечките клиенти на шведската марка.

Целата гама теренски модели XC 40/60/90 добива акциски цени, вклучувајќи фабрички тјунинг со знакот на Polestar, кит Style или комплет алуминиумски бандажи и зимски гуми. Ценовникот за Volvo XC40, како актуелен автомобил на годината во Европа, стартува од 32.190 евра во моделската изведба T3 Intro.

Volvo XC 40, 60, 90

Новата генерација на Volvo XC60, кој долги години беше најпродаван модел во класата, во моделската изведба D4 и со ниво на опрема Momentum стартува од 49.990 евра во ценовникот на Премиум АГС. За конкурентот на BMW X3 и Audi Q5 може да се избира меѓу тјунинг Polestar, пакет за стил или комплет алу-бандажи и зимски гуми.

Истиот акциски избор меѓу трите опции се нуди и кај топ-моделот во теренската тама. Volvo XC90, со дизел D5 со 235 КС и ниво на опрема Momentum+, моментно стартува од 74.990 евра. Акциската понуда за сите модели е уредно прикажана на посебна веб-страница.

Акциска понуда и за возачите на Volvo, најава и за преселување во новиот центар напролет

Покрај акциските понуди за новите купувачи, Премиум АГС обезбеди пријатно изненадување за постоечките сопственици на автомобили Volvo во Македонија. Возачите на шведската марка можат веднаш да закажат бесплатен зимски преглед на автомобилот, а воедно и да се запознаат со својот нов советник од Volvo. Врска за пријавување .

Третата новина што пристига од Премиум АГС се однесува на напреднатата фаза на изградба на новиот објект, така што веќе се најавува и преселба на марката Volvo во истиот во текот на следната пролет.

Јапонија го избра Volvo XC40 за најдобар автомобил на годината

Volvo ги остави колите „дома“ за салонот во Лос Анџелес

Премиум АГС е нов застапник на Volvo во Македонија

Од комби-мајстор до специјалист за СУВ: Volvo заведува со 90-60-40

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

кристина гутиереш митсубиши рели дакар

Хероината на Mitsubishi повторно на Рели Дакар

McLaren 720S Spider

На McLaren 720S Spider покрив не му е потребен