за

Volvo поканува на виртуелна посета на салонот во Скопје

Volvo поканува на виртуелна посета на салонот во Скопје
Volvo поканува на виртуелна посета на салонот во Скопје

Безбедноста обично е првата помисла кога се зборува за Volvo. Во таа смисла, за да им обезбеди заштита на своите идни и сегашни клиенти, шведската марка понуди нов начин за посета на салонот на Volvo во Скопје.

Во овие вонредни состојби околу пандемијата, може да се стекне впечаток дека многу бизниси мируваат и чекаат подобри времиња, но тоа би бил погрешен впечаток. Тимот на Премиум АГС, компанијата којашто во своето портфолио меѓу другото ги вклучува и марките Volvo и Kia, претходно изненади пријатно со организирањето на виртуелната посета на салонот.

Истата технологија и сличен концепт сега се применува и за премиум марката Volvo. Целта, секако е да се обезбеди заштита на здравјето на клиентите. Токму вонредната ситуација околу вирусот-корона доведе до тоа многу технологии што постојат и се најавуваат, нагло да добијат на „смисла“ и да ја покажат новата димензија на функционалност.

„Со оглед на ситацијата, ваквиот тип на претставување на автомобилите е повеќе од добредојден“

Во соопштението од Премиум АГС се наведува дека „со оглед на ситацијата која ја поминуваме во изминатиов период, ваквиот тип на претставување на автомобилите е и повеќе од добредојден. Оваа актуелност, повеќе пати е применета од страна на големи светски брендови, а отсега е достапна и кај нас.“

Со пристапување на веб страната, посетителите можат детално да разгледаат повеќе модели од актуелната понуда на Volvo. Во виртуелната реалност се вклучени целата XC гама, како и S60, V60CC и V90CC. Покрај тоа што автомобилите може да се погледнат буквално од секој агол, на виртуелниот приказ се наведени и посебни точки со објаснување на опремата што се гледа или на одредена функција.

Уште една предност е тоа што до салонот може да се пристапи во било кое време и од било кое место. Веб-страната е веќе добро позната www.volvocars.mk.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus LC osvezuvanje

Lexus LC со луксуз од најфините

Италија ќе субвенционира купување велосипеди и тротинети

Италија ќе субвенционира купување велосипеди и тротинети