за

Volvo во Британија воведува преземање возило за сервис од дома

Volvo XC 40 ilustracija promocija
Volvo XC 40 ilustracija promocija

Сопствениците на Volvo во Обединетото Кралство добија услуга за преземање на возилото за сервисирање од дома. Ова е прва европска држава со услугата Volvo Valet, откако истата претходно наиде на одлична прифатеност во САД.

Volvo им нуди можност на возачките и возачите на автомобил од марката во Обединетото Кралство да побараат преземање на возилото од домот, со цел за сервисирање или поправка на истото. Оваа услуга добива дополнително на значење во услови на пандемијата, додека сопствениците се наоѓаат на безбедно во својот дом.

Користењето на услугата е едноставно и потребно е само да се договори време за преземање на возилото. Услугата што се води како Volvo Valet вклучува и посебна апликација, развиена од сопствените инженери на Volvo во Силиконската Долина. Таа им помага на клиентите да ја следат локацијата на своето возило, како и да добиваат информации за текот на поправката.

Обединетото Кралство е прва европска држава што нуди Volvo Valet. Потоа ќе следат Германија, Белгија, Франција, Шпанија и Швајцарија. Услугата беше воведена првпат во САД пред неколку месеци и наиде на одлична прифатеност, во услови на пандемијата, кога клиентите се максимално претпазливи околу своето здравје. Кинеските возачки и возачи на Volvo исто така имаат пристап до слична услуга, преку популарната мобилна платформа WeChat во земјата, што се користи за повеќе услуги.

Уште рано по прогласувањето на пандемијата, кај нас Порше Македонија ја стартуваше оваа услуга за автомобилските марки од концернот Volkswagen.

Volvo ги носи возилата на своите клиенти на перење

Volvo продажба во свет

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes amg project one

Нов шеф во AMG, стариот во Aston Martin

Леклерк го возеше „големото рандеву“ со Ferrari по улиците на Монако

Леклерк го возеше „големото рандеву“ со Ferrari по улиците на Монако