126
17 shares, 126 points

По обемна серија тест возења и проверка на функционалноста на 14 модели од десет марки, четириесет такси-компании ги избираа најдобрите автомобили за такси службата. Изборот го организира специјализираниот магазин „taxi heute“ (такси денес).

Најдобрите возила за такси превоз се избираа во три категории. Носитет на титулата на такси на годината му припаѓа на комбито од вишата класа Volvo V90.

Победници во категоријата лимузини и комби
  • Штедливост: Ford Mondeo Hybrid Turnier (Оцена: 2,09)
  • Функционалност: Toyota Camry Hybrid и Volvo V90 Diesel (Оцена: 1,90)
  • Комфор: Lexus ES 300h (Оцена: 1,66)
  • Емоции: Volvo V90 Diesel (Оцена: 1,46)
Победници во категоријата СУВ и ван
  • Штедливост: Mitsubishi Outlander Plug-in Hybrid (Оцена: 2,02)
  • Функционалност: Peugeot Rifter Blue HDI 130 EAT8 (Оцена: 1,71)
  • Комфор: Kia Niro Plug-in-Hybrid (Оцена: 1,90)
  • Емоции: Mitsubishi Outlander Plug-in Hybrid (Оцена: 1,83)

Во категоријата на големи транспортери на база на доставно возило се оценува единствено функционалноста. Победник е Fiat Talento Kombi со оцена 2,08.

Автомобилите на Volvo ќе си разменуваат информации за опасност на патот

Камера во Volvo ќе следи дали возачот внимава на патот

Тест: Volvo XC40 D4 Momentum


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

126
17 shares, 126 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *