за

Volvo ги носи возилата на своите клиенти на перење

Volvo ги носи возилата на своите клиенти на перење
Volvo ги носи возилата на своите клиенти на перење

Volvo во Велика Британија им нуди на своите клиенти можност преку мобилна апликација да изберат време и автоперална, по што пристига возач и го носи возилото на перење, за на крај да го врати на истото место, светнато и чисто.

Volvo е прва автомобилска марка во Европа што им нуди на своите клиенти можност за посредување при миењето и чистењето на автомобилот. Услугата се базира врз сопствената мобилна апликација Volvo Car Mobile Wash и реализирана е во соработка со компанија што е специјализирана во таа област. За сето тоа да функционира беспрекорно се грижи таканаречената платформа за дигитални услуги Volvo On Call, којашто се вградува во одредени модели на шведската марка и има поддршка на одредени пазари.

Сопственичката или сопственикот на возилото едноставно го избира датумот, времето и саканото место, при што воопшто не мора да се биде покрај возилото во моментот кога ќе пристигне возачот. Отклучувањето и заклучувањето на автомобилот се врши далечински, преку спомнатиот Volvo On Call.

Покрај неколку нивоа на миење и одржување на возилото, може да се избере и рутинска проверка на состојбата на течностите и на основните функционалности на автомобилот

Може да се избира меѓу неколку нивоа на услугата, од обично миење, до восочна заштита. По барање, сервисерите ќе проверат и притисок во пневматиците, како и длабочина на профилот, ќе дополнат средство за миење стакла, ќе проверат ниво на течност за ладење, ќе проверат дали лакот е оштетен, сé што е потребно за сопственикот да биде задоволен.

Откако возилото ќе светне, ангажираниот возач го враќа возилото на местото на преземање, го информира сопственикот, кој потоа го заклучува возилото. Цените почнуваат од 22 фунти. Услугата во почетокот ќе биде достапна само во поширокото подрачје на Лондон и по должината на обиколницата M25. Подоцна услугата ќе се проширува и во други подрачја.

Volvo XC40 без резервоар и без пумпа за гориво

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes A-Class премиера Македонија 6

Студиите покажаа: Mercedes е најиновативна премиум марка

Фабриката на Ford во Зарлуи го произведе 15-милионитиот автомобил

Фабриката на Ford во Зарлуи го произведе 15-милионитиот автомобил