за

Добар почеток на продажбата на електричниот Volvo XC40

Volvo_XC40_Recharge_P8_AWD
Volvo_XC40_Recharge_P8_AWD

Volvo започна со нарачки за изведбата на XC40 со погон на струја, неколку илјади возачи чекаат првиот електричен модел на Швеѓаните да им биде испорачан кон крајот на годинава.

Volvo официјално почна со нарачки за XC Recharge P8 AWD, првиот автомобил со погон на струја на шведската марка, базиран врз најпродаваниот СУВ-модел. Повеќе илјади нарачки пристигнаа уште пред официјалниот старт. Производството и првите испораки на клиентите ќе следат кон крајот на годината.

Посебно во чест на пристигањето на електричниот XC40, Volvo ги преименува сите модели со електрифицирана погонска спрега, што значи и плагин-хибридите, во моделско семејство Recharge. Планот е половина од продажбата во 2025 година да се постигнува со возила со погон на струја.

За две години двојно повисока продажба на плагин-хибриди, сега пристигаат и електричните

Лани беа продадени близу 46.000 возила со плагин-хибриден погон, за 23% повеќе отколку во 2018, но и двојно повеќе отколку во 2017 година. Во последниот квартал од 2019 година, плагин-хибридите учествуваа со повеќе од 20% во продажбата на Volvo во Европа.

Стандардно со погон на сите тркала, XC40 Recharge P8 постигнува досег до 400 километри според новите норми и ослободува 408 КС. За батеријата да се наполни до 80% на брз полнач, потребни се околу 40 минути.

Recharge-изведбата на XC40 е прв модел на Volvo со инифо-забавен систем врз база на Google Android. Тоа не значи друго, освен целосна интеграција на паметен телефон во кокпитот на возилото, вклучувајќи и услуги како Google Assistant, Google Maps или Google Play Store. Обновувањето на софтверот се врши преку мобилната мрежа.

Повеќе детали во електричниот XC40 се разликуваат од изведбите со обичен погон, вклучувајќи и „frunk“, односно малечок багажник под предната хауба.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Total ќе постави 20.000 полначи за електромобили во Холандија

Total ќе постави 20.000 полначи за електромобили во Холандија

Mercedes A Class Sedan profi

Mercedes со деветта рекордна година, број 1 во премиум сегментот