за

Volvo поканува на викенд на отворени врати, има и премиера на S60

Volvo поканува на викенд на отворени врати, има и премиера на S60
Volvo поканува на викенд на отворени врати, има и премиера на S60

Во следната сабота, салонот на Volvo во Скопје ќе биде прво одредиште за љубителите и возачите на шведската премиум марка. Врв на настанот, покрај комплетниот возен парк што ќе стои на располагање за пробно возење, ќе биде премиерата на лимузината Volvo S60.

Во сабота, на 19-ти октомври, сите заинтересирани за автомобилите на Volvo ќе можат да бидат дел од настанот Open Doors Weekend, кој се одржува во периодот меѓу 10 и 17 часот. Во салонот на шведската марка во Скопје, лоциран веднаш по салонот на Киа Моторс и комплексот на Електроелемент во Маџари, посетителите ќе можат да присуствуваат на домашното претставување на новиот Volvo S60, модел со којшто Швеѓаните им парираат на Mercedes C-Class и серијата 3 на BMW.

Во центарот на Volvo ќе биде изложена целосната моделска понуда на марката. Специјалистите на шведската марка ќе бидат подготвени со сите информации што ќе ги интересираат посетителите и љубителите на Volvo.

Како што е ред на ваквите настани на отворени врати, посетителите ќе можат да направат пробно возење на моделите на Volvo. Единствено е потребно да се направи резервација на модел и временски термин, најдоцна до четврток, на телефонскиот број 6159 800 или преку формуларот за контакт на https://volvocars.mk.

Дополнителни информации за настанот во сабота на објавата на фејсбук-профилот на Volvo

https://www.facebook.com/volvocarsmk/photos/gm.396452437948736/1668002420001028/?type=3

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bmw x5 златно полиција германија

Златни автомобили не ѝ се допаѓаат на полицијата во Диселдорф

Како да произведеш метан од комунален отпад: Проект на ЕУ

Како се добива метан од комунален отпад: Проект на ЕУ