146
20 shares, 146 points

Во салонот на Volvo во Скопје, во рамките на денот на отворени врати за љубителите и за идни клиенти, викендов премиерно беше претставен новиот S60, лимузината во понудата на модели од средната класа на шведската марка, којашто им се придружува на бестселерот XC60 и комбито V60.

Семејството на модели од средната класа на Volvo станува целосно со воведувањето на лимузината S 60, покрај комбито V60 и бестселерот XC60. Големото освежување меѓу лимузините во премиум сегментот, пристига како убедлив конкурент на Mercedes C-Class и серијата 3 на BMW. Понудата од мотори се состои исклучиво од дволитарски бензински мотори со турбонаполнење, што со години наназад е погонска стратегија на Volvo, но затоа „наградбата“ ја прави разликата во моќноста и перформансите.

Основен модел е S60 T4 со 190 КС и осумстепен автоматски менувач како стандард, по него е S60 T5 со повисок притисок на турбонатполнење и 250 КС, кој воедно е достапен и во изведба со погон на сите тркала. Понатаму следи S60 T6 со 310 КС, со комбинација од турбонатполнење и механички компресор, стандардно со погон на сите тркала. Врвот веќе традиционално им припаѓа на изведбите Twin Engine, односно на плагин-хибридите: S60 T6 Twin Engine со 340 КС и S60 T8 Twin Engine со 390 КС.

Две моделски изведби со плагин-хибрид, место дизел – Volvo S60 е прв модел на Швеѓаните што воопшто нема да се нуди со дизел мотор

Литиум-јон батеријата во двата хибриди располага со капацитет од 11,6 kWh и се полни за три часа под струја од 16A. Електромоторот исто така е идентичен во двата хибриди, со 65 kW/88 КС и 240 њутнметри. Досегот со полна батерија, според нормата WLTP, изнесува меѓу 49 и 58 километри, зависно од возниот режим.

New photo by Automedia MK / Google Photos

За разлика од V60 и XC60, дизел мотор воопшто не се нуди во гамата на S60 – ова е прв модел на Volvo без дизел мотор во понудата. Место тоа, Швеѓаните ги нудат своите хибриди. Лимузината пристига од новата фабрика на Volvo во Чарлстон, во американската сојузна држава Јужна Каролина.

Во почетокот до продажбата, Volvo S60 е достапен само во двете највисоки нивоа на опрема, R-Design и Inscription, поради што и почетната цена е повисока во споредба со конкуренците, кои сепак се достапни со основните нивоа на опрема. Според официјалниот ценовник за Македонија, S60 T4 Insription чини 48.490 евра. Наскоро ќе стане достапно и средното ниво Momentum Plus, а во меѓувреме се водат преговори со производителот за компензирање на царината во висина од 5%, којашто важи за возила од американска продукција.

Според продажните статистики за првите девет месеци од 2019 година, лимузинската изведба има постигнато 17.712 продажби во светски рамки, од комбито V60 се продадени 38.509 примероци, додека XC60 е убедлив бестселер, со 145.629 продадени примероци до септември.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

 

Volvo XC40 без резервоар и без пумпа за гориво


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

146
20 shares, 146 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *