за

Volvo ја проширува понудата од модели со благ хибриден погон

Volvo ја проширува понудата од модели со благ хибриден погон
Volvo ја проширува понудата од модели со благ хибриден погон

Volvo го зголемува бројот на моделски изведби во коишто работи благ хибриден погон. Лимузините и комби изведбите од сериите 60 и 90 добија нови бензински мотори Drive E со помош од електромотор, заедно со уште неколку новитети.

Откако популарните СУВ-модели XC60 и X90 во минатата есен добија изведби со благ хибриден погон, пролетва следат и лимузините и комби изведбите од сериите 60 и 90 на Volvo. Станува збор за сите модели Volvo S60 / V60 / V60 Cross Country, како и за Volvo S90 / V90 / V90 Cross Country.

Со вградувањето на стартер-генератор, во комбинација со мала батерија, се постигнува значајна заштеда во потрошувачката на гориво, но и намалување на емисијата на СО2. Според Швеѓаните, потрошувачката во реални услови на возење се намалува до 15 проценти. Дијапазонот на моќност почнува со верзиите со ознака B3 со моќност од 163 КС, завршува со B6 AWD со 300 КС.

Благиот хибрид е најосновната форма на електрификација на погонот, но се покажува доволно ефикасна – иако полниот хибрид на Toyota останува ненадминат во соодносот цена-заштеда

Вообичаено за Volvo, различната моќност меѓу моделските изведби се постигнува преку различен притисок на натполнење, односно со комбинација од турбо натполнење и механички компресор во топ-верзијата B6. За преносот на сила кај сите моделски варијанти се грижи преработен автоматски менувач Geartronic со осум степени.

Volvo S90, V90 и V90 Cross Country дополнително добија неколку промени во надворешноста. Магленките имаат нов дизајн, исто како браниците и спојлерите во нив. Во задните светла има нов ЛЕД-мотив, трепкачите добија динамична функција. Внатре е унапреден системот за контрола на квалитетот на воздухот, вклучувајќи сензор за честички, додадени се два USB-C приклучоци назад. На тоа следат уште безжично полнење паметен телефон и уште подобро премиум-озвучување од Bowers & Wilkins.

Како Volvo направи неговите автомобили да бидат унисекс-безбедни

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кампери масовно си заминуваат од Шпанија

Кампери масовно си заминуваат од Шпанија

Продукцијата во март и април покуса за 810.000 автомобили

Продукцијата во март и април покуса за 810.000 автомобили