за

Volvo со рекордна година и првпат над 600.000 возила

Volvo продажба рекорд 600к

Volvo имаше уште една рекордна година, со 642.253 продадени автомобили и раст од 12,4 проценти. Пет години во континуитет, шведскиот производител бележи зголемена продажба.

Со комплетирана понуда од модели во СУВ-сегментот, со повеќекратни носители на титула на автомобил на годината и со големи најави за претстојната година, продажбата на Volvo продолжува да брилјира на најважните пазари во светот, во Европа, САД и Кина. Само во декември, Швеѓаните продадоа 60.157 возила, што е 2,8 проценти повеќе од истиот месец преклани.

Исклучителен раст од 20,6 проценти е постигнат во САД, со вкупно 98.263 возила продадени лани. Тоа е резултат од зголемената побарувачка за СУВ-моделите, првенствено XC60. Деновиве стартува и испораката во дилерската мрежа на локално произведуваната лимузина S60, од којашто се очекува да постигне впечатливо учество во продажбата во текот на 2019 година.

Добро реагира и кинескиот пазар, со продажба зголемена за 14,1 проценти и вкупно 130.593 испорачани автомобили за цела ланска година. Побарувачката најмногу расте благодарение на локално произведуваните XC60 и S90.

Европскиот регион останува главен пазар на Volvo со близу половина од вкупната продажба на марката

Со 6,4 проценти, Европа заостанува во порастот во продажбата на годишно ниво зад Кина и САД, но тоа се должи главно на воведувањето на новите норми WLTP, што се покажа како вистински предизвик за производителите. Во секој случај, европскиот регион останува носечки пазар за Volvo, со вкупно 317.838 продадени возила. Главен мотор на продажбата беа новите V60 и XC40. Во декември, шведската марка продаде 29.469 илјади возила во регионот.

· Прочитајте го тестот на Volvo XC40 D4 Momentum

New item by Automedia MK / Google Photos

По одделни модели, најпродаван лани беше XC60 со 189.459 примероци (2017: 184.966 примероци), пред големиот XC90 со вкупно 94.182 продажби (2017: 87.518) и Volvo V40/V40 Cross Country со 77.587 возила (2017: 95.370 возила). За дванаесет месеци, од новата голема надеж XC40 се продале 75.828 примероци, додека S90 постигнал 57.142 продажби (2017: 46,602 примероци).

Годинава се очекува воведување на плагин-хибридна изведба во гамата на XC40, како и електрична варијанта, иако датумите уште не се прецизирани. Важна премиера имаат и Volvo S40 и V40, како комплетирање на моделското семејство „40“, покрај XC40.

Тест: Volvo XC40 D4 Momentum

Volvo стартува со акциска понуда за своите теренски модели

Јапонија го избра Volvo XC40 за најдобар автомобил на годината

Премиум АГС е нов застапник на Volvo во Македонија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BRABHAM BT62 ulicna verzija

Brabham BT62: Уште еден Ф1-болид доби дозвола за улица

Harley-Davidson LiveWire

Harley-Davidson има електричен мотоцикл