за

Volvo шеста година со рекордна продажба, профитот 1,35 млрд. €

Volvo рекордна продажба
Volvo рекордна продажба

Прометот на Volvo лани пораснал за 8,5 проценти, тоа следи по рекордни 705.000 продадени автомобили. На голем број важни пазари, шведската марка постигнала најдобра продажба во историјата.

Шведскиот производител на премиум автомобили лани го зголемил прометот за 8,5 проценти, на 25,9 милијарди евра. Профитот исто така забележал раст од 0,8 процент во споредба со 18 и достигнал 1,39 милијарда евра.

Овие резултати се должат на добрата продажба. Во шестата година во постојан раст во низа, Volvo во 2019 година првпат во историјата продал повеќе од 705.000 возила. Рентабилноста исто така е подобрена, особено со продажбата на СУВ-моделите, како и со мерките за заштеда што беа воведени во почетокот на 2019 година. Маржата изнесува 5,2 проценти и намалена е во споредба со 2018 година, кога таа изнесувала 5,6 проценти.

Volvo во Кина продал 154.961 автомобили, за 18,7 проценти повеќе отколку во 2018 година, што е значително над просекот на целата бранша. Тоа е историски рекорд на Volvo во Кина и воопшто е најголем број возила што марката ги продала во една земја.

Историски рекорди во Германија, Австралија, Белгија, Бразил, Чешка, Унгарија, Кореја, Полска и Португалија

На пазарот во САД се пласирани 108.234 автомобили (+10,1%). Првпат по 2007 година, Швеѓаните го надминале прагот од 100.000 возила. Рекорд има и во Европа, токму на најголемиот пазар во регионот, во Германија, кадешто првпат биле пласирани повеќе од 53.000 возила. Во Велика Британија, пак, постигната е најдобра продажба по 1990 година. Најмногу возила досега се продадени и во Австралија, Белгија, Бразил, Чешка, Унгарија, Кореја, Полска и Португалија.

Значајно достигнување лани беше претставувањето на првиот целосно електричен модел во гамата на Volvo XC40. Автомобилите со електричен и плагин-хибриден погон отсега ја носат ознаката Recharge.

Продажба по модели на Volvo во 2019 година

Модел

Примероци

Тренд %

S60 II

1,087

-92.8 %

S60 III

27,979

100.0 %

S60L

13,513

-44.5 %

S60 CC

216

-79.1 %

S90

56,355

-1.4 %

V40

39,561

-34.6 %

V40 CC

11,981

-30.0 %

V60

786

-96.6 %

V60 CC

376

-96.8 %

V60 CC II

15,018

100.0 %

V60 II

52,397

173.2 %

V90

22,345

-29.2 %

V90 CC

18,276

-16.6 %

XC40

139,847

84.4 %

XC60

16

-99.2 %

XC60 II

204,965

9.4 %

XC90 II

100,729

7.0 %

Други

5

100.0 %

Вкупно

705,452

9.8 %

https://www.instagram.com/p/B4zEiwlFQk2/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричниот Nikola TRE ќе се произведува во Iveco

Електричниот Nikola TRE ќе се произведува во Iveco

bentley flying Spur

За овој Bentley само данокот чини 33.000 евра