за

Автомобилите на Volvo ќе си разменуваат информации за опасност на патот

volvo razmena informacii opasnost

Volvo прави пионерски чекор со воведувањето на технологијата за размена на информации меѓу возилата во случај на опасност на патот, којашто отсега е достапна ширум Европа.

Новата технологија овозможува возилата на Volvo да комуницираат меѓусебно и да ги предупредуваат возачите кога претстои непосредна опасност на патот, како голомразица или пречка на коловозот. Размената на податоци се врши преку податочен облак.

Овој вид предупредувања се воведе во моделите од серијата 90 на Volvo во 2016 година, само во Шведска и Норвешка. Од следната недела, новата безбедносна функција ќе биде достапна за возачите во цела Европа. Системот се вградува стандардно во сите нови автомобили од моделското годиште 2020, а може да се додаде во сите модели што се базираат врз актуелните платформи CMA и SPA.

Шведскиот производител ги поттикнува останатите производители да воведат ваков систем за предупредување и истиот да стане стандард во браншата, со цел да се подобри безбедноста на патиштата. Добивајќи информација за опасноста, возачите можат да ја приспособат брзината навреме и да се подготват да реагираат.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla роботско такси

Tesla најавува роботско такси веќе в година

kia reklama indija

Кампањата на Kia во Индија постигна 250 милиони прегледи