за

Volvo продолжува со работа од понеделник

Фабриките на Volvo во Кина се враќаат во погон

Volvo ќе ja врати во погон фабриката во Торсланда во понеделник (20-ти април), по кусиот прекин поради пандемијата од корона.

По извршените разговори со работничките синдикати, Volvo Cars реши повторно да ја отвори фабриката во следниот понеделник, на 20-ти април. Вработените во администрацијата, кои досега ги извршуваа работните обврски од домовите, исто така можат да се вратат во своите канцеларии во седиштето на компанијата во Шведска.

Во изминатиот период се применуваа мерки, како во производстените погони, така и во канцелариите, за вработените да бидат заштитени максимално. Паралелно се работеше и на координирање со добавувачите и сите партнери, за да се обезбеди контиунирано производство, без прекини во синџирот за снабдување со делови. Продукцијата во фабриката во Торсланда ќе се приспособува, како што ќе пристигаат нарачки за нови возила.

Најдобриот начин да му помогнеме на општеството е да најдеме начин за безбедно да ја стартуваме компанијата од ново, обезбедувајќи им ги здравјето и работното место на вработените.

Хакан Самуелсон, извршен директор на Volvo Cars

Сите простории се темелно исчистени, а на главните влезови ќе бидат поставени термометри и пулсни оксиметри (го мерат нивото на кислород во крвта), што ќе се користат на доброволна основа.

Работните позиции во производствените погои се раздалечени, а соодветно се приспособени и конференциските сали, канцелариските простории и рестораните, со цел да се воспостави безбедна оддалеченост.

Фабриката во Гент, Белгија, исто така ќе продолжи со работа на 20-ти април, но со намалена продукција. Моментно се вршат подготовки за фабриката во Јужна Каролина, САД, да се отвори на 11-ти мај.

Фабриката за мотори во шведскиот Скевде, како и фабриката за каросериски компоненти во Олофстром, ќе продолжат да го планираат производството на неделна основа и ќе се приспособуваат според побарувачката од останатите фабрики.

Третиот модел на Polestar ќе конкурира на Tesla Model X

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota mr2 W10

Ваква Toyota ни се вози по кризата: MR2 од 1984 година

Ferrari произведува вентили за респиратори

Ferrari произведува вентили за респиратори