за

Volvo продаде 60.000 возила во јуни, повторно расте во САД

Volvo продаде 60.000 возила во јуни, повторно расте во САД XC60 Recharge R-Design
Volvo продаде 60.000 возила во јуни, повторно расте во САД XC60 Recharge R-Design

Volvo Cars продаде 61.483 автомобили во јуни, што е за два проценти под ланскиот резултат за летниот месец. Тоа е одличен успех во услови додека светот уште се соочува со пандемијата. Пазарот во САД повторно е во плус, Европа и Кина остануваат во позитива.

Брзите решенија што ги донесе менаџментот на Volvo Cars, за фабриките да се отворат повторно по ударот од пандемијата и работата да продолжи со почитување на неопходните заштитни мерки, покажаа голем успех. Фабриката во Торсланда, Шведска, мируваше само 15 денови, неспоредливо покусо во споредба со останатите производители. Тоа овозможи Volvo сега да се наоѓа во одлична позиција да го услужи пазарот, кога купувачите почнуваат да се враќаат.

За добрите продажни резултати придонесоа и онлајн-иницијативите, вклучувајќи го Stay Home Store. Во првите шест месеци, Volvo Cars продаде 269.962 автомобили, односно за 20,8 проценти помалку во споредба со истиот период лани.

Во САД, во минатиот месец беа продадени 10.385 автомобили или 4,5 проценти повеќе од ланскиот јуни. Вкупно во првото полугодие, шведската марка испорачала 43.255 автомобили или за 13,7 проценти помалку во споредба со лани.

Кина во јуни регистрирала 15.105 нови автомобили од Volvo во јуни (+14,1%). За првите шест месеци, продажбата е три проценти во минус. Европа исто така покажува позитивен јунски тренд во споредба со претходните месеци, што се должи на отворањето на повеќе држави на континентот.

Европа има регистрирано 28.277 продажби на автомобили Volvo во јуни, што е 6,5 проценти помалку од истиот месец лани. Вкупно од јануари до јуни, продажбата се намалила за 29,5 проценти, поради корона кризата.

Најпродаван модел е СУВ од средната класа XC60, по кого следат компактниот XC40 и луксузниот XC90. Во јуни, речиси три од секои четири продадени возила на Volvo биле СУВ (71,2%), додека во истиот месец лани, нивниот удел изнесувал 60 проценти. За шест месеци, најпродаван Volvo е XC60 со 78,761 примероци (2019: 97.203 примероци), пред XC40 со 68.359 примероци (2019: 61.864) и XC90 со 37,918 примероци (2019: 47.818).

Двојно се зголемил и уделот на плагин-хибриди во првите шест месеци, односно на моделите што Volvo во својата програма ги нуди под ознаката Recharge. Наскоро почнува и испораката на електричниот XC40, кој ќе донесе голем раст во тој сегмент.

Продажба на Volvo Cars во светски рамки во периодот од јануари до јуни

Јуни

Јан-јун.

2020

Тренд

2020

Тренд

Европа

28,277

-6.5%

123,035

-29.5%

Кина

15,105

14.1%

65,741

-3.0%

САД

10,385

4.5%

43,225

-13.7%

Други

7,716

-17.6%

37,931

-21.9%

Вкупно

61,483

-2.1%

269,962

-20.8%

Електричниот Volvo XC40 стартува со испорака наесен

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Mercedes започнува со испораки на електричниот eSprinter

Mercedes започнува со испораки на електричниот eSprinter

Фабриката nа Volkswagen Passat влегува во ерата на електромобилноста

Фабриката на Volkswagen Passat влегува во ерата на електромобилноста