171
22 shares, 171 points

Возачите на целосно електричните автомобили на Volvo во Европа ќе имаат пристап до повеќе од 200.000 станици за полнење. Договор за тоа е постигнат со партнерот Plugsurfing, кој го олеснува полнењето при патување во друга држава со различни провајдери.

Преку склучувањето договор со Plugsurfing, шведскиот производител ги поштедува возачите на своите идни целосно електрични модели од најголемите проблеми во секојдневието, односно од неможноста за користење на одредени полначи за струја и големиот број провајдери со кои треба посебно да се склучува договор за користење на нивната мрежа од полначи.

Plugsurfing е меѓу најголемите и најбрзо растечки агрегатори на мрежи од полначи во Европа. Партнерот на Volvo ќе овозможи корисниците лесно да ја полнат батеријата на својот автомобил, без разлика во која европска држава се наоѓаат во моментот и без потреба од претплатување на безбројните провајдери на полначи ширум континентот.

Секој модел на Volvo со целосно електричен погон, заедно со возилото ќе добие и пристап до голем број локални мрежи со полначи во Европа, вклучувајќи и пристап при патување во странски држави.

За користењето на полначот ќе биде потребна само безконтактна картичка за полнење или мобилна апликација. Вкупно стојат на располагање над 200.000 полначи во 38 европски држави. Плаќањето е месечно, нема потреба од плаќање претплата.

Првиот модел на Volvo со целосно електричен погон е XC40 Recharge P8, чијашто испорака ќе започне кон крајот на годината. Електричниот СУВ со 408 КС и со погон на сите тркала постигнува досег до 400 километри (WLTP). При користење брз полнач со еднонасочна струја, батеријата се полни до 80% за 40 минути.

До 2025 година, Volvo планира половина од годишната продажба да отпаѓа на електрични автомобили, а останатата половина на плагин-хибриди.

Електричниот Volvo XC40 стартува со испорака наесен

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

171
22 shares, 171 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *