за

Тјунинг на шведски начин: Повеќе њутнметри до задната оска

volvo polestar awd optimisation

Неколку моделски серии на Volvo ќе добијат специјален тјунинг со потпис на Polestar. Софтверот се интегрира со вештачката интелигенција на возилото и испраќа повеќе њутнметри до задната оска кај шведските модели со погон на сите тркала

Автомобилската сцена ги познава шведските производители по фините и штосни детали. Вистина е дека некои од тие детали беа мошне крупни, како играњето на Saab со турбонатполнењето. Таа немирна марка од божем смрзнатата Скандинавија повеќе не постои, но затоа го имаме Volvo, активен како никогаш досега.

Куќната тјунерска работилница и идна марка електрични автомобили разви софтвер, којшто го зголемува уделот на вртежниот момент од моторот што се пренесува до задната оска кај моделите со погон на сите тркала. Со овој нагласок на задниот погон се постигнува „носот“ да се намести повешто на влез во свијок, се подобруваат и контролата и ангажманот на возачот, односно кусо – возачкото уживање е поголемо. Вклучувајќи и подобра тракција при џентлменски стартови, секако.

Volvo Polestar 1 winter test

Системот кој веројатно ќе добие позвучно име во салоните на марката – моментно се води како „AWD optimisation“ – префрлува повеќе њутнметри до задната оска откако ќе се избере динамичен режим на возење, односно ќе се исклучи контролата на стабилноста.

Заедно со сменетиот сооднос на распределба на вртежниот момент меѓу предната и задната оска се менува и реакцијата на педалот за гас, менувачот префрлува побрзо и го задржува степенот кога се лови брз свијок, а секако дека не може да мине и без извлекување дополнителна моќност од моторот.

Системот „Polestar AWD optimisation #^%$@“ ќе биде достапен во моделските изведби со погон на сите тркала, со бензински или дизел мотор, во сериите 90, 60 и во XC40, веќе од месецов. Оптимизацијата не е достапна за плагин-хибридите T8 и T6 Twin Engine. Тие веќе поседуваат сличен систем.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Брзински рекорд, Дени Томсон

Брзински рекорд на Солено Езеро: 722 km/h со болид стар 50 години

Porsche Macan

Швајцарија одбива да регистрира дизели на Porsche