за

Volvo ја објави цената за електричниот Polestar 1

polestar 1 ceni objava

Polestar 1 деновиве ја доживува втората премиера во Кина. Во минатиот октомври, престижното купе со електричен погон беше претставено пред медиумите на ексклузивен настан во Шангај, а сега се појавува и пред широката публика, на салонот во Пекинг. Претходно, автомобилот од новата марка на Швеѓаните имаше европско деби во Женева.

Polestar elektricni modeliПо напорното патешествие дојде време Polestar да ја соопшти и цената за првиот модел од идната гама електрични автомобили. Polestar 1 во Кина ќе чини 1,45 милион јуани, во Европа 155.000 евра и во САД 155.000 долари. Оваа цена е буквално само информативна, за сцената да добие претстава каде точно е местото на елегантното купе со техника на Volvo. Информативно, затоа што Polestar има план да ги изнајмува автомобилите по месечна рата. Деталите околу тоа сепак ќе бидат објавени малку подоцна.

Повеќе од 7.000 преднарачки за Polestar 1 од стартот во минатиот месец

Откако преднарачките за Polestar 1 стартуваа во март, повеќе од 7.000 потенцијални купувачи од 18 земји платиле депозит за автомобилот. Пазарот ја прифати новата маска, Polestar веќе се подготвува за вториот модел, чијашто премиера следи в година. Името е лесно да се погоди. Polestar 2 ќе биде лимузина од средна класа, само со погон на струја, како конкурент на Tesla Model 3. Третиот модел, Polestar 3, ќе биде грандиозен СУВ со впечатлива аеродинамична силуета.

Volvo, Polestar 1

Марката Polestar практично произлезе од одделението за мотоспорт на Volvo и официјално постои од октомври. Паралелно со објавувањето на новата марка започна и изградбата на фабрика во Ченгду, Кина. Претсериското производство ќе стартува кон крајот на годинава. Polestar 1 ќе се произведува само во Кина и оттаму ќе се испорачува на најголемите пазари за електричниот погон во светот.

Користење на возилото по месечна рата во којашто се вклучени и сервисирање и осигурување

Клиентите на Polestar ќе имаат комплетно дигитално искуство со марката и автомобилот, почнувајќи од нарачката, па до користењето на возилото во секојдневието. Повеќето од клиентите ќе имаат потпишано договор за користење на возилото и ќе плаќаат месечна рата, во којашто ќе бидат вклучени сите трошоци

Погонската спрега со системска моќност од 600 КС ја сочинуваат дволитарскиот турбо на Volvo, којшто ги движи предните тркала, и два електромотора на задната оска. Малку поголем батериски пакет од вообичаеното, со капацитет од 34 киловатчасови, ќе овозможи Polestar 1 да вози до 150 километри само на струја, повеќе од кој било друг плагин-хибрид. Потоа презема бензинецот, во комбинација со електриката.

 

Volvo гради фабрика за спортската марка Polestar во Кина

Polestar развива спортски модели со електричен погон за Volvo

Електричниот Volvo „тестиран“ пред премиерата во Пекинг

Електричниот Volvo само за шест земји во светот

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

land rover 70 godini

Land Rover вечерва со веб-пренос од прославата на 70-годишината

ford raptor nirburgring

Тркачки камионет во пакосно лизгање по Нирбургринг