за

Овој Volvo P 1800 бил во лична сопственост на Роџер Мур

Volvo P 1800 S

Првпат на европски саем на олдтајмери ќе биде изложен Volvo P 1800 S од 1967 година, којшто некогаш бил во лична сопственост на британската актерска ѕвезда Сер Роџер Мур. Култниот автомобил на најуверливиот Џејмс Бонд, од 21-ви март ќе биде дел од Техно Класика во Есен.

Мур обично се поврзува со Aston Martin, но неговиот прв филмски автомобил е токму Volvo P 1800 S. Спортското купе стекна светска слава како службен автомобил на Сајмон Темплар во крим-серијата Светец, во којашто Роџер Мур ја толкуваше главната улога. Спортскиот модел на Volvo го имаше филмското деби во епизодата „Пар дијаманти“ во февруари 1967 година. Актерот почина лани во мај, на 89-годишна возраст.

Volvo P 1800 S Roger Moore 7

Volvo во последните години ги прескокнува големите салони, но не одолеа на Техно Класика. На штанд од 312 метри квадратни, покрај некогашниот автомобил на Роџер Мур, Швеѓаните ќе изложат уште пет ретки примероци од серијата P 1800

Снежно белиот P 1800 S на Сер Роџер Мур е произведен во ноември 1966 година во фабриката во Торсланда. Посебен белег на овој примерок се таканаречените минилајт осумкраки бандажи, коишто се вистинска реткост. На тоа следат уште магленки од Hella и оригинален дрвен волан. Во кабината има неколку мали траги од „Светецот“, како што е термометарот на таблата и малечкиот вентилатор за разладување на актерот.

Volvo P 1800 S Roger Moore 9

Volvo P 1800 S Roger Moore 1

Роџер Мур е првиот сопственик на P 1800. Лондонската регистерска таблица NUV 648E е издадена на 20-ти јануари 1967 година. Две недели подоцна, Мур ги потпишува документите. Во серијата, спортското купе ги носи ознаките ST 1, според иницијалите на филмскиот лик.

Во Есен ќе се најде и Volvo P 1800 од приватната колекција на шефот Хакан Самуелсон

Роџер Мур го продава автомобилот на актерот Мартин Бенсон, когошто светот го познава и како Мистер Соло од Голдфингер. Потоа следат уште неколку сопственици, пред вредниот олдтајмер во почетокот на 2000-те години да доживее врвна реставрација.

Volvo P 1800 S Samuelsson 1

Од богатата историја на P 1800, во Есен ќе се најдат и концептниот автомобил ES-Rocket на италијанскиот дизајнер и каросерист Пјетро Фруа, нереставриран примерок на ES од 1973 година со само 9000 километри, како и примерок од 1961 година, откриен во шупа. Како вистински раритет, во „Jewelcase“ издигнат над штандот ќе биде изложен Volvo P 1800 Volvoville Cabriolet од 1966 година, еден од неколкуте преостанати примероци од серијата изработена во само 30 примероци.

Volvo P 1800 Volvoville Cabriolet 1

Volvo P 1800 ES

Volvo XC40 е автомобил на годината

Volvo XC40 добива трицилиндарски бензинец

Историја: 50 години на Volvo 1800 S

Електричниот Volvo само за шест земји во светот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

lambo urus теренски автомобили во женева

Теренците поспортски од спортските автомобили во Женева

Lexus UX

Lexus UX е новата ѕвезда меѓу компактните теренци