155
58 shares, 155 points

Марката што е синоним за безбедност повторно се поставува во пионерска улога. Од следната декада се планира моделите на Volvo да имаат брзинско ограничување на 180 километри на час.

Швеѓаните први ги откажаа штандовите на големите и скапи авто-салони, работната зафатина ја заменија со електромотори, развија нови услуги за мобилност кои штотуку прераснуваат во стандард во браншата. Кога се има предвид оваа визионерска улога на Volvo, можно е дека и последниов чекор ќе стане нешто сосем вообичаено во блиска иднина.

Volvo денес објави дека од 2020 година, крајната брзина на своите автомобили ќе ја ограничи на 180 километри на час. Ограничувањата на крајната брзина не се новитет. Производителите веќе со децении го почитуваат џентлменскиот лимит на 250 km/h. Швеѓаните сакаат да го скусат тоа на темпо 180.

Стратезите на марката долго работат на визијата „2020“, којашто има цел да се спречи загинување или тешка повреда во автомобил на Volvo по преодот во третата декада од новиот век. За тоа да се постигне, покрај автомобилите, треба да „учествуваат“ и самите возачи, поточно возачкото однесување.

Една од четири незгоди во САД во 2017 година била предизвикана од пребрзо возење

Сопствените истражувања покажаа дека најделотворна марка за постигнување на целта „нула жртви“ е ограничување на брзината. Сосем логично, затоа што технологијата и конструкцијата во возилата не е семоќна, и постојат брзински граници до коишто може да се избегнат повреди, и воопшто, незгоди. Техничарите на Volvo моментно работат и на систем кој самостојно ќе ја ограничува брзината при возење покрај училишта или болници.

Некои автомобили со хибриден или електричен погон веќе долго опстојуваат на пазарот со слично ограничување на брзината како што планира Volvo. Тоа досега не било пречка за продажбата, ниту пак било предмет на критика.

Освежување за Volvo XC90 и подостапна хибридна изведба

Хибридна навала во Volvo: Цела моделска понуда под напон

Нордиска комбинација: Volvo V60 Cross Country

Тест: Volvo XC40 D4 Momentum


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

155
58 shares, 155 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *