за

Volvo цени дека 180 километри на час е сосем доволно

Volvo цени дека 180 километри на час е сосем доволно
Volvo цени дека 180 километри на час е сосем доволно

Секој нов автомобил од Volvo отсега доаѓа со крајна брзина ограничена на 180 километри на час. Шведскиот шампион во безбедност го најави тоа лани, во знак на поддршка на општата цел, за бројот на незгоди со кобни последици и тешки повреди да се сведе на нула.

Заедно со ограничувањето на брзината, секој автомобил на Volvo отсега поседува и Care Key, односно клуч за грижа. Преку него може да се програмираат дополнителни ограничувања на брзината, што треба да има превентивна улога, на пример, кога возилото го користат членовите на семејството што се помлади или со помало искуство.

Преку овие две мерки, Volvo испраќа силна порака за опасноста од брзото возење. Швеѓаните треба да се „слушаат“ кога застапуваат нова идеја во безбедноста, имајќи ја превид нивната традиционална улога за напредокот во ова подрачје за целата бранша – и во секојдневието.

Цениме дека секој производител на автомобили е одговорен да помогне во подобрување на безбедноста во сообраќајот

Малин Екхолм, директор на центарот за безбедност на Volvo Cars

Според соопштението, шведскиот производител верува дека е задолжен да ја продолжи традицијата како пионер во дискусијата околу правата и обврските на производителите на автомобили, за тие да преземаат мерки што водат кон спасување животи – дури и во случај ако тоа значи губење на потенцијалните корисници.

Истражувањата покажуваат дека луѓето имаат слаби познавања за опасностите што произлегуваат од пребрзото возење. Како резулат од тоа, голем број луѓе возат пребрзо и слабо се приспособуваат на условите во сообраќајот.

Идните модели на Volvo ќе возат со помош на „лидар“

Идните модели на Volvo ќе возат со помош на „лидар“
Идните модели на Volvo ќе возат со помош на „лидар“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Приведени помошниците за бегството на екс-шефот на Nissan

Приведени помошниците за бегството на екс-шефот на Renault Nissan

Третина од возачите му даваат име на својот автомобил

Третина од возачите му даваат име на својот автомобил