144
51 shares, 144 points

Престижниот шведски бренд Volvo добива нов дом во Македонија. Новиот застапник е наследник на компанијата Премиум Ауто Центрум и ќе настапува под името Премиум АГС

Автомобилите на Volvo се веќе изложени во салонот на ул. Перо Наков, веднаш по салонот на Киа и комплексот на Електроелемент. Менаџерскиот тим којшто се состои од познати и докажани имиња во браншата, ги претстави краткорочните и долгорочните планови на групата АГС, чијашто членка е Премиум АГС. Како свежа премиера од салонските штандови, македонската јавност мошне рано го добива новиот Volvo V60. Тоа несомнено ќе ги израдува љубителите на шведската марка, коишто во овој чин ќе ја препознаат подготвеноста на компанијата и позицијата за којашто истата се има изборено во дистрибутерската мрежа на Volvo. Големо внимание на автомобилската сцена моментно привлекува XC40, прв СУВ-модел на Volvo во компактниот сегмент.

Сервисниот центар на Премиум АГС, односно на досегашен Премиум Ауто Центрум, станува и нов овластен сервисер на Volvo за Македонија. Стотина метри подолу од псотоечкиот се гради комплетно нов и импозантен салон за Volvo. Новиот салон се очекува да биде пуштен во употреба најдоцна во средината на март следната година.

[FAG id=35413]

Од комби-мајстор до специјалист за СУВ: Volvo заведува со 90-60-40

Volvo сака роботските автомобили да ги заменат авионите

Споредбен тест меѓу Audi A6, BMW серија 5 и Volvo S90 на АУТО БИЛД


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

144
51 shares, 144 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *