за

М за новата услуга за мобилност на Volvo

Volvo M услуги на мобилност

Швеѓаните основаа нова марка, М. Станува збор за понуда на возила за брзо изнајмување, коишто ќе бидат достапни преку обична апликација. Volvo речиси во ист ден ја најавува услугата за мобилност со Volkswagen и со нивниот We

М е мобилност. Со тоа што ја избира буквата М како име за новата услуга за мобилност, Volvo симболично укажува на големото значење што новите видови на мобилност ќе го имаат во иднина. Исто како што е случај кај суперуспешните проекти car2go и Drive Now на Daimler и BMW, основата на системот е мобилна апликација, со којашто се лоцира најблиското возило, истото се отклучува и стартува, и секако, се наплаќа за користењето.

Повикај М за мобилност скроена според личните желби, потреби и навики

Според Volvo, нивната мобилна апликација ќе се повикува на вештачка интелигенција, со цел да се понуди услуга што ќе ги учи потребите, желбите и навиките на своите корисници. На тој начин ќе се понуди подобра и персонализирана услуга за корисниците. Сервисот стартува во следната пролет во Шведска, а потоа и во САД.

Еден од најголемите револуционери на актуелната автомобилска сцена, шефот Хакан Самуелсон, повторно има да каже нешто корисно: „Токму клиентите во градовите се двоумат околу класичното поседување автомобиол. М е нашиот одговор на тоа.“ Конкурентските сервиси се поставуваат како алтернатива на јавниот градски превоз. Наспроти тоа, Volvo повеќе сака да понуди премиум услуга, односно на своите корисници ќе им понуди искуство исто како да го поседуваат автомобилот што во „М“ го користат само на неколку минути или часови.

Производителите ке не’ одвикнат од сопствените автомобили, но ќе ни нудат најдобар автомобил и услуга за секоја пригода

За почеток, Volvo M ќе биде надградба на сопствениот сервис за car-sharing со име Sunfleet, којшто со 500.000 одделни користења на годишно ниво е водечки во Шведска. Корисниците на Sunfleet веднаш стануваат корисници на M. Бета-тестирањето почнува есенва, во Шведска. Со услугата „М“, Швеѓаните сакаат да понудат конкуренција на Moovel, платформата на Daimler, којашто исто така има цела низа понуди за мобилност.

Volvo веќе со години напредува одлично на пазарот, особено со продажбата на СУВ-моделите. Во првото полугодие се продадоа 317.639 автомобили, што е нов рекорд за Volvo и зголемување од 14,4 проценти во споредба со првото полугодие лани. Сите региони напредуваат, САД, Европа и Кина. Лани беа продадени вкупно 571.577 автомобили. Одлични се шансите оваа бројка да биде надмината значително годинава.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault SUV Русија

Новиот СУВ-модел на Renault поаѓа од Русија

Honda Mean Mover V2 HF2622

Се враќа „злобната тревокосачка“ на Honda