за

На овој камион не му треба возач и тоа се гледа

volvo автономен камион

Volvo на салонот во Хановер ќе прикаже визија на камион што управува самостојно и вози на батерија. Необичното отсуство на возачка кабина е повеќе заради шоу-ефект

Како што наближува салонот за товарни возила во Хановер, станува очигледно дека вмрежувањето, дигитализацијата и автономното возење ќе бидат главните теми на овогодишниот ИАА, кој се одржува од 19-ти до 27-ми септември. Volvo на салонот ќе прикаже визија за автономен влекач со електричен погон.

Овој вид транспортни возила е замислен првенствено за рутинските тури, коишто се повторуваат секојдневно. Тоа обично се куси тури, во коишто е потребно да се достави голема количина товар во точно време. Типичен пример за тоа е транспортот меѓу логистичките центри, но можни се и други примени.

Volvo avtonomen kamion iaa

Централата го следи транспортот во реално време и има информации за точната локација, наполнетоста на батеријата, за товарот и за евентуалната потреба од сервисирање. Volvo Trucks ќе работи на натамошното усовршување на системот, заедно со избрани клиенти.

Камион на Renault заштедува 3,5 литри на сто километри

Метан го заменува дизелот во камионите

Производители на чоколади и мебел бараат почисти камиони

Mercedes Actros: Камери место ретровизори, дигитални инструменти, вози сам

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

автоматско паркирање, Daimler, Bosch, Кина

Mercedes развива паркирање без возач за Кинезите

акција родителско такси германија

Германците се одвикнуваат од „родителско такси“