за

Камера во Volvo ќе следи дали возачот внимава на патот

Volvo камера возач безбедност

Швеѓаните продолжуваат со нови идеи за подобрување на безбедноста, додека одбележуваат шест децении посветеност на ова поле. Камера во кабината на Volvo ќе препознава кога возачот не внимава доволно на возењето и соодветно ќе издејствува смалување на брзината или дури и целосно запирање.

Откако целата сцена реагираше позитивно на најавата на Volvo да ја ограничи брзината на своите возила на 180 km/h од 2021 година, следат уште порадикални идеи. Шведските инженери се посветуваат на трите причини, кои најчесто доведуваат до незгода. Покрај брзината, тоа се возењето под дејство на алкохол, лекови или дроги, како и невнимавањето на патот. Кога ќе се отстрани можноста за настанување на опасност од овие причини, Volvo ќе може да ја оствари и целта за нула загинати во неговите автомобили.

Според американските статистики, една третина од незгодите во 2017 година биле предизвикани поради опиеност

Volvo има намера да вградува камери во кабината, заедно со неколку сензори, коишто ќе го следат возачот и во случај кога ќе утврдат дека возачот не внимава на возењето, соодветно ќе интервенираат до контролната електроника, која натаму ќе ја ограничи брзината на возилото. Во исклучителен случај, кога безбедносните системи ќе препознаат дека однесувањето на возачот носи опасност од тешка или кобна повреда, тогаш возилото самостојно ќе запре на помошната лента. Во исто време ќе се испрати и сигнал до службите за брза помош.

Целта на Volvo е преку ограничување на брзината да се спречи настанокот на тешките незгоди, место само да се преземаат мерки за возачот и патниците да бидат заштитени во случај на тешка незгода поради пребрзо возење

Камерите и сензорите ќе „алармираат“ кога подолго време не се регистрира команда со воланот, кога возачот запаѓа во сон или не гледа напред, како и во случај на грубо шетање по лентата и бавно реагирање.

Системот ќе почне да се користи во следната генерација модели на платформата SPA2, во првата половина од следната декада.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Заедно со претставувањето на овој систем, Volvo го најави и Care Key за 2021 година, програмабилен клуч со когошто може да се ограничи крајната брзина на возилото, кога истиот се предава на користење, на пример, на млади и неискусни возачи.

Volvo V60 достапен како демо возило во салонот во Скопје

Автомобилите на Volvo по 2020 година ќе возат најбрзо 180 km/h

Освежување за Volvo XC90 и подостапна хибридна изведба

Тест: Volvo XC40 D4 Momentum

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bugatti jacob casovnici nakit

Bugatti меѓу луксузните часовници: Соработка со Jacob & Co

ford s-max германска полиција

Германска полиција ќе брка криминалци со Ford S-Max