173
22 shares, 173 points

Во Скопје во периодот од 21-ви до 23-ти мај присуствува караванот на Volvo Cars наречен „Freedom To Move“. Во мини-салон пред Сити Мол ќе има домашни премиери на S60 и V60 Cross Country, но и можност за пробно возење на целата гама на шведската марка.

За првпат во Македонија, Volvo ќе се претстави со специјално дизајниран Pop Up Showroom – мини салон кој ќе биде поставен на платото пред Skopje City Mall (од страната на Play Cafe), во кој ќе биде изложен најпродаваниот модел во моментот: Volvo XC40, a за посетителите и потенцијалните клиенти во текот на сите три дена ќе бидат достапни за тест возење сите модели на Volvo Cars кои се достапни на пазарот и тоа во сите изведби.

Сите посетители можат да закажат тест-возење и на лице место, но во секој момент можат да закажат и онлајн преку страницата: https://www.volvocars.com/mk/freedom-to-move каде можат да се најдат и сите дополнителни информации за Freedom to Move кампањата.

Во рамките на настанот ќе се одвива и македонска премиера на Volvo S60 и V60 Cross Country, кои стартуваат со продажба веќе од следната недела.

Возниот парк од тест-возила ги опфаќа следните модели:
  • V40 D2 Inscription
  • XC40 D3 A Momentum
  • XC40 T3 Intro
  • XC60 D4 A AWD Momentum
  • S90 D3 A Business
  • S90 D4 A R-Design
  • S60 T5 A R-Design
  • V60 CC D4 A Momentum
  • V60 D3 A Momentum
  • XC90 D5 A AWD Inscription

Караванот Freedom To Move има за цел моделите на шведската марка да се понудат за пробно возење за потенцијалните купувачи во земји во коишто не се достапни тест модели. Во периодот од април до септември годинава, моделите на Volvo патуваат низ јадранскиот регион. Шведските автомобили пристигаат во Македонија по турата низ Словенија, Хрватска и Србија, а понатаму продолжуваат низ Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

173
22 shares, 173 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *