за

Volvo има големи планови со фабриката во САД

Volvo S60 fabrika sad

Отворањето на новата фабрика на Volvo во близина на Чарлстон е следниот голем чекор на шведската марка. По лимузинскиот Volvo S60, оттаму ќе излегува и следната генерација на XC90. Половина од продукцијата е планирана за извоз

Со фабриката во САД, Volvo го комплетираше волшебниот триаголник од фабрики со коишто го покрива целиот светски пазар, вклучувајќи ги производствените капацитети во Европа и Кина. Новата генерација на лимузината од средната класа Volvo S60 е прв модел што Швеѓаните ќе го произведуваат од другата страна на океанот, во Јужна Каролина.

Зошто лимузина, а не СУВ? Според менаџерите на Volvo, лимузините и натаму се популарни меѓу помладите купувачи во САД. Секако дека голема улога има и фактот што класичната каросериска форма се продава одлично на најголемиот пазар во светот, којшто воедно е „домашен“ за Volvo, на кинескиот пазар. Од фабриката вредна над една милијарда долари, во иднина ќе излегуваат уште повеќе модели.

Во 2021 година, фабриката во близина на Чарлстон ќе стартува со производство на следната генерација на Volvo XC90. Големиот теренец ќе се нуди и во електрична верзија, а ќе поседува и напредна техника за автономно возење. Во меѓувреме, Ли Шуфу, сопственикот на Volvo, стана најголем единечен акционер во Daimler, со удел од околу десет проценти. Не е исклучено дека во иднина ќе има и поконкретна соработка меѓу Volvo и Mercedes.

Половината од продукцијата на Volvo во Јужна Каролина ќе се извезува

Производствениот капацитет е поставен за 150.000 возила годишно. Во фабриката на Volvo во Јужна Каролина ќе работат 4.000 лица. Половината од продукцијата ќе се извезува. Купе-теренец или купе-лимузина засега не се планирани во понудата. Прво ќе се работи на обновување на постоечките модели. А, тоа ќе потрае. Најстариот модел во понудата е Volvo XC90, којшто беше претставен пред само две и пол години.

S60 воведува и значајна промена во шведската марка, што впрочем беше и најавено. Под хаубата на лимузината нема да работи дизел мотор. Како што ветија Швеѓаните, секој следен модел ќе биде достапен во верзија со електифицирана погонска спрега. Тоа значи благ хибрид, плагин-хибрид или електричен погон.

Моделите со „Twin Engine“ моментно учествуваат со 15 проценти во продажбата на Volvo, а би можеле да бидат многу повеќе, затоа што производството на овие модели уште сега доцни зад пазарната побарувачка. Овој удел ќе расте прогресивно во следните години. До средината на следната декада, секој втор автомобил на Volvo ќе има електромотор во погонот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Rimac Automobili Porsche

Хрватскиот специјалист Rimac ќе му помага на Porsche во електричниот погон

nissan celik 980 mpa

Nissan ќе користи суперцврст челик за новите модели