за

Volvo ја доби најголемата нарачка за електрични автобуси

Volvo 7900 Electric Articulated Bus stop
Volvo 7900 Electric Articulated Bus stop

Volvo Buses ќе испорача 157 електрични автобуси во шведскиот Гетеборг, почнувајќи од следната година. Со погонот на струја значително ќе се смалат загадувањето на воздухот и бучавата, а автобусите ќе ги покриваат и деловите од градот во коишто има строги ограничувања за емисијата на штетни материи.

Volvo Buses ја потврдува својата пионерска улога во електромобилноста во јавниот превоз, со последната нарачка од 157 електрични автобуси за Гетеборг. Станува збор за најголема единечна нарачка на автобуси со погон на струја во Европа досега.

Електричните автобуси ќе се испорачаат за возниот парк на Transdev, водечка компанија во јавниот превоз во Европа во поглед на електромобилноста. Целата зделка се однесува на неодамна претставениот модел Volvo 7900 Electric, во зглобна изведба. Автобусот има места за 150 патници, а потрошувачката на енергија е за дури 80 проценти пониска во споредба со дизел.

Полнењето на батеријата ќе се врши во текот на самата рута на автобуската линија, со користење на брзи полначи. Во тендерот се вклучени и 27 автобуси со норма Euro VI, кои ќе ги покриваат приградските линии и користат биодизел.

Лос Анџелес со рекордна нарачка на 130 електрични автобуси – од BYD

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

McLaren бара кројачи, шијачи, бродоградители

McLaren бара кројачи, шијачи, бродоградители

tesla дизелски чад

Возачи во САД се забавуваат со дизелски чад, Tesla омилена мета