148
20 shares, 148 points

Транспортот на автомобилите на Volvo од фабриките до регионалните центри за дистрибуција извесно време се одвива преку железница, место со камиони. Швеѓаните преземаат сé за намалување на емисијата на СО2 и исполнување на поставените цели за климатска заштита.

Volvo е целосно посветен да го замени камионскиот транспорт на возилата од своите фабрики до регионалните центри со железнички транспорт. Тоа особено важи во Европа, каде што камионите уште доминираат во дистрибуцијата на возилата од фабрика до дилерите. Шведскиот производител има за цел емисијата на штетни материи да ја сведе на минимум.

Со префрлувањето на транспортот на возилата од фабриката во Гент, Белгија, до големото депо во северна Италија, од камион на железница, Volvo ја скуси емисијата на СО2 за 75 проценти. Истото важи и за рутата од Гент до второто регионално депо, во Австрија, каде што емисијата на стакленичкиот гас се преполовила отако возилата се дистрибуираат со воз, место со камиони.

Двете иницијативи се дел од планот за климатска заштита на Volvo Cars. Планот предвидува емисијата на СО2 во целиот животен век на автомобилите да се намали за 40 проценти, споредено меѓу 2018 и 2025 година. За тоа да се постигне, потребно е емисијата во целиот процес на производството да се намали за 25%, вклучувајќи го и секторот на логистика. За понатаму, планот предвидува да се постигне целосна климатска неутралност до 2040 година.

Во фабриката во САД во многу поголем обем се користи железничкиот отколку камионскиот транспорт на возилата

Volvo Cars ќе ги преземе истите чекори и со транспортот во Кина и САД, кадешто дистрибуцијата исто така ќе се префрли во голем обем на железницата. Возила од фабриките во Кина моментно пристигаат преку железница до Гент двапати неделно. Други железнички рути вршат превоз до регионалните плацеви по целата територија на Кина и во Русија.

Железничкиот транспорт веќе се користи масовно за дистрибуцијата на нови возила од фабриката во Чарлстон, во сојузната американска држава Јужна Каролина, до депоата и до градовите ширум Северна Америка. Оваа динамика ќе се засили уште повеќе, откако во фабриката ќе почне да се произведува следната генерација на XC90.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

148
20 shares, 148 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *