172
22 shares, 172 points

Додека се подготвува атмосферата за прослава на Денот на жената, од македонското претставништво на Volvo пристига соопштение во коешто се посочува на вниманието што инженерите за безбедност посебно го посветуваат, за жените да бидат подобро заштитени, бидејќи женското тело е почувствително на оптоварувањата што дејствуваат во случај на незгода.

Скандинавскиот пристап се разликува во секој поглед, со авангардното размислување, но во исто време и со поголема одговорност за нештата. Тоа секако дека се огледува и во автомобилите, можеби и најдобро. Во Volvo кажуваат дека разновидноста и рамноправноста се суштински дел од културата на компанијата.

Овој начин на размислување го продлабочува пристапот на компанијата во подрачјето безбедноста и претставува важна причина за лидерството на Volvo Cars во тоа подрачје. Кога безбедносните инженери на компанијата работат да ги развијат најбезбедните можни автомобили, тие секогаш имаат за цел, автомобилите да бидат подеднакво безбедни за сите, за жените и маќите, фокусирајќи се во исто време на групите што се најзагрозени.

Природните разлики во градбата и во силата прават жените да бидат во поголема опасност од повреда при сообраќајна незгода – Volvo ја коригира оваа „неправда“

Жените се во поголема опасност од повреда во сообраќајни незгоди. Ова се должи на природните разлики во анатомијата и силата. Но, постои уште еден аспект, поточно проблем. Мажите, историски, како и во многу други подрачја, секогаш се земале како норматив за безбедноста при незгоди, како што може да се види од мнозинството на кукли за тестирање на незгоди. Во Volvo, тоа е различно.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Преку истражувањата на полето на безбедноста, направени во текот на половина век, а засновани на незгоди во реалниот свет, Volvo Cars успеа да распознае какви повреди се појавуваат при различни незгоди кај мажите, жените и децата. Ова непроценливо знаење е пренесено во безбедносниот инженеринг.

Компанијата исто така ги споделува своите знаења и увид со другите производители на автомобили, и има долга историја на тесна соработка со владите, регулаторите и другите истражувачи, со цел да го направи сообраќајот побезбеден за сите.

„Знаеме дека треба да се земат во предвид полот, возраста, големината и обликот за да се заштити секое тело“, открива проф. Лота Јакобсон, една од најискусните експертки за безбедност на Volvo Cars. „Затоа се трудиме да ги разбереме основните причини и да го искористиме тоа знаење за да развиеме безбедност во нашите автомобили, докажано со многуте иновации во текот на годините, што помагаат да ги задржат мажите и жените побезбедни во автомобилите на Volvo“.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во 1970 година, формиран е тим за истражување на сообраќајните незгоди во Volvo. Оттогаш, тимот собра и анализира податоци од повеќе од 40.000 автомобили и 70.000 патници. Ова доведе до многу иновативни системи во Volvo автомобилите денес. Иновациите како што се системот за заштита од повреда на вратните пршлени (WHIP), системот за заштита од страничен удар (SIPS) и воздушните завеси се опишани во продолжение:

  • Жените генерално се изложени на поголем ризик за повреда на вратот, од мажите, главно заради разликите во анатомијата. Но, не во седиштето на Volvo, благодарение на Системот за заштита од повреда на вратните пршлени (WHIPS), кој комбинира робустен потпирач за глава со паметен дизајн на седиштата за да ги поддржува главата и грбот, заштитувајќи го вратот. Ризикот од повреда на вратот денес е ист кај мажите и жените, а во исто време се преполовени долгорочните ризици за повреди, во споредба со претходните автомобили на Volvo.
  • Кај жените е поголема веројатноста да претрпат повреда на градниот кош при сообраќајна незгода, поради разликите во јачината на скелетот. За оптимална заштита, Volvo Cars континуирано ја развива структурата на автомобилите и воведе странични воздушни перничиња за да го минимизира влијанието врз патниците. Неговиот систем за заштита од страничен удар (SIPS) се потпира на интелигентна структура за зајакнување на целокупната безбедност. Всушност, заедно со воздушно перниче за заштита од страничен удар на телото, системот SIPS ги намалува тешките повреди на градниот кош за над 50% кај мажите и жените, во споредба со Volvo автомобилите пред воведувањето на SIPS системот.
  • Жените исто така беа во фокусот кога се развиваше воздушната завеса (IC). Разликите во висината помеѓу луѓето, прават воздушната завеса (IC) што го покрива целиот прозорец, да обезбеди неопходна заштита на главата при страничен удар. Заедно со SIPS системот и со воздушно перниче за заштита од станичен удар на телото, воздушната завеса (IC) го намалува ризикот од сериозни повреди на главата за околу 75% во однос на Volvo автомобилите пред SIPS системот. Воздушната завеса (IC) беше првото воздушно перниче, што понуди подобрена заштита, за патниците на предните и на задните седишта.

За да дознае повеќе за бремените жени во сообраќајни незгоди, Volvo Cars ја разви првата бремена кукла со просечна големина за тестирање на виртуелни незгоди. Компјутерскиот модел овозможува истражување во најразлични подрачја, како што е движењето на патниците или начинот како безбедносниот ремен и воздушното перниче помагаат во заштитата на жената и фетусот. 

Податоците за истражување на Volvo Cars неодамна ја истакнаа релативната важност за заштита на лумбалниот ‘рбет, или долниот дел на грбот, кај сите луѓе, без оглед на полот и големината. Понатамошните анализи и истражување го натераа да се фокусира на комплексноста на сообраќајните незгоди со излетување од патиштата и на предизвиканите повреди при истите. Како резултат на технологијата, претставена прво во XC90 и сега во сите возила базирани на SPA, истата е апсорбер на енергијата во седиштата што оди подалеку од она што е регулаторно барање за производителите на автомобили.

Повеќе на оваа тема може да се дознае на следната врска (на англиски јазик):

https://www.volvocars.com/intl/why-volvo/human-innovation/future-of-driving/safety/cars-safe-for-all

Volvo апелира земјите во развој да се посветат на безбедноста во сообраќајот


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

172
22 shares, 172 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *