193
24 shares, 193 points

Volvo ги повикува владите и регулаторните агенции ширум светот да пристапат сериозно во надминување на огромната разлика во безбедноста по патиштата меѓу развиените и земјите во развој. Безбедноста се усовршува постојано, меѓутоа податоците укажуваат на постоењето на недозволива разлика во бројот на жртви во сообраќајот меѓу двете категории на држави.

Секоја година 1,35 милион лица загинуваат во сообраќајни незгоди во светот. Бројката доволно укажува на неопходноста од преземање мерки. Според Светската Здравствена Организација, опасноста од загинување во сообраќај е трипати поголема во земјите во развој отколку во развиените земји.

Со цел да се подобри безбедноста во светски рамки, Volvo препорачува да се воведат и применуваат закони, за безбедносните ремени да ги користат и патниците на задната клупа. Друга препорака е да се изгради основна патна инфраструктура, што повредливите учесници во сообраќајот ќе ги држи одвоено од сообраќајот со моторни возила.

Заслуга на истражувањата на Volvo е тоа што во Шведска уште пред повеќе децении се воведоа деформабилни бандери и патеките за пешаци и велосипедисти се одвоени од моторниот сообраќај

Volvo повика на оваа акција во рамките на 3-та Глобална министерска конференција за патна безбедност, којашто се одржа на 19-ти и 20-ти февруари во Стокхолм. Претставници од повеќе од 80 членки на Обединетите Нации дискутираа околу стратегиите за безбедноста на патиштата во светски рамки до 2030 година.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Светските статистики покажуваат голема нееднаквост во безбедноста на патиштата

Малин Екхолм, директорка на Центарот за безбедност на Volvo Cars

Шведскиот производител на автомобили со децении наназад соработува со владите, академиите и институциите ширум светот. Лани, Volvo ја понуди за слободно користење својата база на податоци, во којашто се содржани богатите искуства од истражувањето на полето на безбедноста.

Денешните ремени со три точки, кои Volvo почна да ги вградува во 1959 година, до денес се најважната безбедносна опрема во автомобилите. Останатите безбедносни системи се неделотворни доколку патниците не ги користат ремените.

Само 105 држави имаат закони за користење на безбедносните ремени и на задните седишта

Само 105 држави во светот имаат закони со коишто се пропишува користење на безбедносните ремени на предните, но и на задните седишта. Од тие причини, Volvo бара Обединетите Нации да влијаат врз властите ширум светот, за тие да ги приспособат законите и да се погрижат за нивно почитување.

Понатаму, Volvo препорачува земјите да ги зголемат инвестициите, на пример, во физичко раздвојување на пешачките и велосипедските патеки, за заштита на пешаците, велосипедистите и мотоциклистите, кои учествуваат со повеќе од половина во вкупниот број на кобни незгоди во сообраќајот во светот.

Почнувајќи уште од 1960-те и 1970-те години, сознанијата од истражувањата во Volvo Cars придонесоа шведските власти да воведат деформабилни бандери, нова форма на заштитните огради и пешачки патеки што се одвоени од патиштата.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

193
24 shares, 193 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *