за

Хибридна навала во Volvo: Цела моделска понуда под напон

volvo blagi hibridi B-badge

Volvo прави уште еден чекор напред во електрификацијата на погонската спрега и најавува плагин-хибриди во целото моделско семејство, а воведува и блага хибридна варијанта како нова опција.

Не само една хибридна варијанта заради имиџ, туку и по пет или шест изведби со електрифицирана погонска спрега во одделните моделски серии. Тоа е следната фаза од преоѓањето на Volvo во ерата на електричниот погон.

Шведскиот произведувач за годинава најави воведување на плагин-хибридни изведби во сите моделски семејства, но и понуда на таканаречени благи хибриди, како подостапна и поедноставна, но сосем делотворна можност за заштеда на гориво. Благите хибриди ќе ја носат ознаката B и ќе бидат комбинирани и со бензински и со дизел мотори.

Благиот хибрид ќе почне да работи прво во СУВ-моделите XC90 и XC60

Новата погонска варијанта ќе се појави во следните неколку месеци во СУВ-моделите XC90 и XC60. Благиот хибриден погон во основа е сочинет од стартер-генератор, од нова генерација 48-волтна батерија со релативно мал капацитет и интелигентна техника што енергијата при сопирање ја користи за полнење на батеријата.

New item by Automedia MK / Google Photos

Погонот функционира на тој начин што стартер-генераторот ја користи енергијата во малата батерија при поаѓање и умерено забрзување, заради растоварување на моторот, а воедно и ја полни батеријата, кога возилото забавува или ќе се пушти под инерција. Потрошувачката на гориво во реални услови се смалува за околу 15 проценти.

До 2025 година, сите модели на Volvo ќе бидат достапни во варијанта со електрична или електрифицирана погонска спрега

Моментно околу 25 проценти од вкупната продукција на Volvo се резервирани за првата хибридна опција, односно за моделите со Twin Engine, за плагин-хибридите. Со воведувањето на благите хибриди, кои ќе ја носат ознаката B, аналогно на T за бензинците и D за дизелите, шведската марка очекува дека тие ќе преземат поголем удел од продажбата. На тој начин, Volvo се движи кон целта, сите автомобили да се достапни со електрична или електрифицирана погонска спрега до половината од следната декада.

Volvo продажба рекорд 600к

Покрај најавата за стартот на моделите „B“, Volvo воведе и неколку промени кај плагин-хибридите во сериите 60 и 90. Место 390 КС, моделите T8 Twin Engine отсега ќе постигнуваат системска моќност од 420 КС, а дополнително добиваат и нова батерија, како и оптимирано полнење на батеријата при сопирање. Досегот од четириесетина километри на струја исто така расте за околу 15 проценти. Истите промени важат и за втората плагин-хибридна опција T6 Twin Engine, којашто моментно е достапна за комбито V60 и лимузината S60.

B6, B5 и B4 ќе бидат новите ознаки во сите изведби од моделските семејства 60 и 90

Наспроти тоа, благиот хибриден погон ќе биде достапен во XC90, во варијанта B5 и во комбинација со бензински или дизел мотор, односно во посилна варијанта B6, со бензински мотор. Истите варијанти ќе бидат достапни и во СУВ-моделот од средната класа XC60, но дополнително ќе се нуди и изведба B4, со комбинација со дизел мотор и преден погон. Кај B5 ќе има можност за избор на верзија со преден погон или со погон на сите тркала.

Секако дека и XC40 ќе добие хибридна варијанта. Кај компактниот СУВ наскоро ќе биде достапен плагин-хибридот T5 Twin Engine, а потоа ќе следи и варијанта T4 Twin Engine, веројатно во комбинација со 1,5-литарскиот бензинец.

Наскоро ќе следат и поконкретни технички податоци за новите погонски опции во гамата на шведската марка.

Нордиска комбинација: Volvo V60 Cross Country

Тест: Volvo XC40 D4 Momentum

Volvo со рекордна година и првпат над 600.000 возила

Volvo стартува со акциска понуда за своите теренски модели

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ford capri mk2

За 50-годишниот јубилеј на Ford Capri: Втора генерација (1974 – 1977)

бесплатен јавен превоз прага аларм загаденост

Прага воведува бесплатен градски превоз при загаденост на воздухот